05 Декември, 2025
0.0431

ВО ЗЕМЈА ВО РЕГИОНОТ: Дури 600.000 станови се празни поради ниски кирии

Објавено во: Економија 29 Август, 2025 19:27

Добивај вести на Viber

Во Хрватска има 600.000 слободни станбени единици, а државата планира да ги активира преку програми за прифатливи цени за изнајмување и повеќегодишни договори со сопствениците.

Државниот секретар Жељко Ухлир зборуваше за ова во Студио 4 на HRT, нагласувајќи дека трошоците за домување треба да сочинуваат максимум 30 проценти од приходот на домаќинствата. Затоа, прифатливо домување е домување каде што вкупните трошоци за домување (станбен кредит, кирија, комунални услуги) не надминуваат 30 проценти од приходот на домаќинствата.

Ова би значело, на пример, дека семејство со вкупен месечен приход од 2.500 евра не треба да троши повеќе од 750 евра за домување.

Ухлир вели дека целта на владата е да активира што е можно повеќе празни приватни станбени единици, од кои има околу 600.000. Само во Загреб има 58.000 празни станбени единици, претежно во приватна сопственост. Државата ќе им понуди на сопствениците повеќегодишни договори за закуп.

„Ги анализиравме причините за 600.000 празни станови. Една е што повеќето сопственици имаат одредена правна несигурност во врска со давањето на својот имот на непознато лице, закупец за кого не знаат како ќе се однесува во тој однос. Дали ќе плаќаат редовно, дали ќе го остават станот во уредна состојба, дали ќе бидe добар сосед. Од друга страна, кириите се ниски, а станот треба да се реновира“, заклучува Ухлир во Студио 4, пренесува Даница.хр.

Foto: DANICA.HR / ILUSTRACIJA

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД

Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД

Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска

Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска

Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството

Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството

Koja eвропска земја има најмногу милијардери?

Koja eвропска земја има најмногу милијардери?

БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?

БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?

Среброто привлекува сè поголемо внимание од купувачите, eве зошто...

Среброто привлекува сè поголемо внимание од купувачите, eве зошто...

Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното

Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното

Угостител од Чаир стана директор на „Номагас“

Угостител од Чаир стана директор на „Номагас“

ПРЕДНОВОГОДИШНО РИПНАЛЕ ЦЕНИТЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ: Еве што покажува статистиката

ПРЕДНОВОГОДИШНО РИПНАЛЕ ЦЕНИТЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ: Еве што покажува статистиката