(ВО ЖИВО) Евакуација во Лондон, еве што се случува
Објавено во: Свет 24 Ноември, 2017
Метро станицата Оксфорд Циркус во Лондон e евакуирана по пријава за инцидент, потврдија од британската полиција.
На лице место има многу вооружени полицајци.
Во станицата настанала паника откако било соопштено патниците да се евакуираат поради некаков интен случај, по што веднаш пристигнала полицијата.
Засега не е официјално соопштена причината за евакуацијата, но од Британската транспортна полиција порачаа граѓаните да го избегнуваат регионот.
Очевидци раскажуваат дека луѓето панично бегале од местото на настанот. Полицијата побарала од луѓето да влезат во блиските кафулиња и продавници и да останат таму.