ВОДА ВО МАКЕДОНИЈА: под закана на климатските промени, лошата инфраструктура и ниските цени!
Објавено во: Агробизнис 30 Јуни, 2014 09:06
-Постојното ниво на зафаќање на вода доведува до умерен стрес на ограничените водни ресурси кои ги има земјата, со тоа што климатските промени уште повеќе ја влошуваат состојбата. Акумулираниот заостаток на одржувањето и рехабилитацијата на инфрастурктурата во секторот за водоснабдување сега изнесува 4 отсто од БДП. Земјоделството, рударството и индустријата во обид да ги избегнат економските загуби поради нередовно снабдување од комуналните претпријатија за водоснабдување се свртеа кон широко распространето и неодржливо користење на подземни води. Овие предизвици го поставуваат прашањето, дали недостигот на вода ќе го ограничи растот, се наведува во извештајот на Светска банка.Во анализата банка посочува дека користи неколку модели, како модел за оценување и планирање на водите, модел за истекување на водите, за глобална циркулација и модел за земјоделски принос.
- Зеленото сценарио претпоставува политики и нвестиции согласно условите за членство во европската Унија, вклучувајќи и повеќе хидро енергија за да се исполнат обврските за ублажување, инвестиции во акумулации, зачувување на водата, надградба на наводувањето и поамбициозни мерки за приилагодување вклучувајќи и значителна нова инфраструктура за наводнување. Анализата утврди дека ако не се превземат мерки за прилагодување веројатно ќе има недостиг на вода во сите сектори што користат вода, се наведува во извештајот, при што банката предупредува дека поради натреварот што ќе се јави меѓу секторите кои користат вода ќе ја стават државата пред тешка одлука до 2020 –та година ако не се засили ефикасноста и кај побарувачката и кај понудата на вода.Банкарите укажуваат дека јазот помеѓу побарувачката и понудата во секторот на водите мора да се управува преку зелени активности во сектори што користат вода со голем акцент на подобрувањето на ефикасноста и зајакнувањето на зачувувањето на водата. Овие зелени активности според банката, можат само умерено да ја намалат побарувачката за вода за наводнување , но со големи варијации меѓу сливовите.
- Зелените инвестици ќе ја намалат побарувачката за вода преку спроведувања на наводнувањето на ниво на слив и надградба на инфрастуктурата за одводнување, замена и рехабилитација на запуштената опрема на инфраструктурата за наводнување и создавање на нов систем за наводнување, кој би бил соодветен за современиот систем за земјоделство. Со амбициозна супер зелена програма за прилагодување до 2050 година може да се преполови незадоволената побарувачка за вода, посочува банката.Наводнување од критично значење за земјоделството Во извештајот Светска банка укажува дека наводнувањето е од критично значење за земјоделството, особено што сегментите на голема додадена вреднсот се главно поврзани со интензивно наводнувани култури. Во земјоделството побарувачката за вода е најголема, што го прави сектор што користи најголеми количини на вода, односно зафаќа 43 отсто од вкупните зафаќања на слатка вода. Банкарите алармираат дека во земјава наводнуваните површини во континуитет се намалуваат, а многу од средствата во секторот на водите се стари, несигурни и дотранеи, додека системите за наводнување се застарени.
- За економијата најштетна е состојбата на средства за наводнување, бидејќи наводнувањето е клуч за денешното земјоделско производство и за проширеното производство на земјоделски култури со висока додадена вредност, кои се сметаат за компаративна предност на Македонија. Од 1980 година, наводнуваните површини во земјата се намалија и голем дел од инфрастуктурата за наводнување е напуштен. Во моментов само една четвртина од земјиштето што може да се наводнувае наводнувано, а голем од наводнувањето зависи од локалните бунари за дополнителна вода. Голем дел од постојната инфраструктура не е во функција, лоцирана е премногу далеку од полињата и има застарена опрема како што се приклучоци за вода дизјнирани за земјоделство од средината на XX век, стои во извештајот.Водата ќе поскапува? Светска банка во анализата посочува дека заостатокот на севкупното потребно одржување и рехабилитација на инфрастуктурата во секторот за водоснабдување изнесува 185 милиони долари или 3,8 отсто од БДП. Банкарите наведуваат дека Владата нема можности за финансирање на рехабилитацијата на водоводната инфраструктура од раните деведесетти години. Но исто така се нотира дека и комуналните претпријатија за водоснабдување немаат ресурси за оваа намена, бидејќи тарифите за води не ги покриваат трошоците за водоснабдување, поради што претпријатијата генерираат загуби. Вкупниот финансиски јаз на комуналните претпријатија изнесува 18,6 милиони долари годишни или 0,4 отсто од БДП, посочува банката.
- Сепак комуналните претпријатија се реформираат, а новите водостопанства функционираат подобро отколку нивните претходници, односно агенциите за управување со води. Со законот за водостопанство се предвидени многу од потребните реформи, вклучувајќи и добра тарифна методологија. Сепак, има уште работа. Иако тарифите за вода треба да се преструктурираат за да се обезбеди враќање на трошоците и да се елиминира вкрстеното субвенционирање на долг рок, сепак субвенциите од владата се потребни на краток рок, се вели во извештајот.Банкарите посочуваат дека мерките за прилагодување во секторот на водите, почнувајќи од политиките, инвестициите, градењето на институции, подобрување на ефикасноста, ќе бидат рбет на зелените сценарија во земјава. Банката во извештајот порачува дека клучните проблеми кои треба да се рашт се запуштената водоводна инфраструктура и ограниченото финансирање на нејзината рехабилитација и модернизација, несугурното водоснабдување и финансискат и опреративна неефикасност на комуналните претпријатија. Системите за наводнување и одводнување се од исклучителна важност, уште повеќе поради негативнот влијание на климатските промени. Анализата покажала дека климатските промени ќе ја подријат достапноста на водата, истовремено зголемувајќи ја побарувачката, предизвикувајќи недостиг на вода во сите сектори што користат вода, дури и за ладење на термоелектричните централи. Според анализите, во 2020 и 2030 година протокот во скоро сите сливови ќе биде 10 отсто под нивото во 2010 година, а до 2050 година скоро 20 отсто. Водоводни системи стари и по 70 години Голем дел од системите се стари речиси 70 години, а некои се изградени пред 50 години, а најновите пред 23 години. И агроекспертите потврдуваат дека се работи за скапи и долгорочни инвестиции, но од големо значање за севкупното производство на храна, особено во период кога климатските промени веќе го земаат данокот. Старосната структура на системите за наводнување е доволен доказ дека е потребна итна реконструкција, велат агроескпертите.
Системите за наводнување се во навистина лоша состојба. Оваа состојба не е од вчера, туку се провлекува подолг период. Токму поради тоа веќе беше изведена рехабилитација на неколку системи за наводнување со подршка на Светската банка (Брегалница, Тиквеш, Полог) и германската банка за подршка на развојот (Јужно Вардарска Долина). Поради низа на проблеми во периодот на транзиција, структурни и системски реформи на секторот водостопанство, слаба подршка на новоформираните водните заедници и друго. Реконструкција и рехабилитација на постојните системи за наводнување е апсолутен приоритет. Тоа автоматски значи поголеми приходи за земјоделските производители, нивна подобрена благосостојба, активирање на руралната средина, потполна обезбеденост со храна на национално ниво, поголеми приходи од извоз. Вели професорот Ордан Чукалиев, од Факултетот за земјоделски науки и храна.На почетокот на месецов, владата најави дека ќе изработи посебна Стратегија за реконструкција, обнова и изградба на нови системи за наводнување за кои во следните 10 години ќе се вложат околу 200 милиони евра. Тогаш и премиерот Никола Груевски изјави дека досегашниот модел на функционирање на системите за наводнување се покажал како неефикасен, и дека ова е еден од погорливите проблеми на земјоделството. Ј.С.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина
Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?





