Водата и енергијата во иднина најголеми проблеми на Македонија
Објавено во: Економија 14 Ноември, 2012 15:29
Во наредните години се очекува водата и енергетијата да бидат двата најголеми проблеми со кој ќе се соочи Македонија , покажуваат анализите од Програмата за зелен развој на Светска банка.
Ерика Јоргенсен раководител на Програмата за зелен развој од Светска банка смета дека водата во земјава е веќе во ограничени колични и оти со натамошните климатски промени ќе биде уште поголемо ограничување врз развојот на Македонија.
- Во делот на енергетиката Македонија веќе се соочува со проблемите, но треба да се размислува за иднина каков вид енергија ќе се употребува. Дали ќе се употребува енергија која има големо ниво на загадување или енергија која е пријателски наклонета кон животната средина, односно опфаќа повеќе обновливи извори на енергија, рече Јоргенсен.
Македонија како и сите други земји се соочува со предизвици и проблеми на краток рок, но, како што додаде, државата инвестира до одреден степен и како земја кандидат ќе преговара со Европската унија за тоа што е соодветно и што може да постигне.
Како дел од активностите за зголемување на свесноста кај граѓаните Светска банка имаше награден конкурс за фотографија каде биле пријавени повеќе од 200 слики од околу 70 автори.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното
ПРЕДНОВОГОДИШНО РИПНАЛЕ ЦЕНИТЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ: Еве што покажува статистиката
ОД 11 ДЕКЕМВРИ НЕМА ПОВЕЌЕ ВОЗ НА ДЕЛНИЦАТА СКОПЈЕ-ЗЕЛЕНИКОВО: Почнува реконструкцијата на пругата
РКЕ го намали надоместокот за мрежарина за електрична енергија
ДОЦНА НАВЕЧЕР СЕ ПОТПИШУВАА РЕШЕНИЈА: Субвенции за набавка на клима уреди во Скопје
КУПИЛ ДВЕ НАПУШТЕНИ ШТИПСКИ СЕЛА: Косовски бизнисмен бара од Владата да ја гради најголемата фотоцентрала
АЛЕКСАНДАР МАНЕВ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „Кадарот го создава духот на компанијата“
Венецуела го зголеми дневниот извоз на нафта во ноември





