Водовод и канализација - Скопје: Водата во ОУ „Димо Хаџи Димов“ е исправна за пиење
Објавено во: Македонија 28 Ноември, 2025 10:45
ЈП „Водовод и канализација – Скопје“ соопшти дека пред два дена бил извршен вонреден мониторинг врз основа на пријава од ООУ „Димо Хаџи Димов“ општина Карпош., каде што неодамна се затруја над 80 ученици, а некои беа хоспитализирани.
Секторот за санитарна контрола земал четири примероци од две локации (училница и кујна) од кои две за физичко-хемиска анализа и две за микробиолошка анализа,при што е констатирано дека водата е исправна за пиење.
Изминуваат 48-те часа, колку што се потребни за да се утврди причината од што се затруени ученици од „Димо Хаџи Димов“. Се очекува Институтот за јавно здравје да ги објави резултатите од испитувањата.
Агенцијата за храна и ветеринарство спроведува вонредни контроли во кујните на девет училишта во Општина Карпош, бидејќи со нив стопанисува истиот оператор како и во „Димо Хаџи Димов“, каде кујната е затворена.
Засега пет ученици од основното училиште „Димо Хаџи Димов“ се хоспитализирани на Детската клиника. Најмладиот хоспитализиран ученик е 6,5 години, најстариот 12.
Интензитетот на децата коишто бараат лекарска помош се зголемува бидејќи кај некои симптомите подоцна почнале, а кај некои биле во полесна форма, но како се интензивирале, побарале лекарска помош.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
„ЗАЕВ ЈА ФИНАНСИРА ВОЈНАТА ВО УКРАИНА“: Груевски со шокантни обвинувања до екс премиерот на Македонија
(ВИДЕО) ЈОРДАНОВ СЕ ПОФАЛИ: Еве како новогодишно го украси Штип
УТРЕ ДА ГИ ВНЕСЕМЕ БУГАРИТЕ ВО УСТАВ, ПРАШАЊЕ Е ДАЛИ ЗА 3,6 ИЛИ 9 МЕСЕЦИ ЌЕ ИМАМЕ НОВ УСЛОВ: Мицкоски за уставните измени
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Одбраната на поранешните градоначалници Папазов и Илијев тврди дека немале никаква надлежност и одговорност за „Пулс“
CNN ЗА МАКЕДОНИЈА: Постои една прекрасна јужноевропска земја со вкусна храна и одлично вино
Телото на Миле Тодоров било пронајдено пред половина месец
УХМР за утре сподели „жолт хидроаларм“ - каде се можни излевања?
ТАЖЕН КРАЈ: Исчезнатот Миле Тодоров од Неготино е најден починат





