Водовод ќе наплаќа сметки без камата и на рати, ова се условите
Објавено во: Македонија 10 Февруари, 2017 15:35
Јавното претпријатие Водовод и канализација - Скопје донесе одлука заостанатиот долг од неплатени сметки да се плаќа на рати и без пресметана камата за задоцнето плаќање.
Тука спаѓа секој заостанат долг за вода, тужен и редовен, а мерката започнува да важи од денес, па должниците се повикани да склучат договори за начинот на отплаќање.
Одлуката за ослободување од камата на сите корисници вчера ја донесе Управниот одбор на претпријатието.

„Можноста да се плати долгот без камата е со определено времетраење, во рок од 90 дена. Почнува од денеска и зависи од висината на долгот, главен долг и трошоци. Физички лица може да го исплатат долгот на 4, 6, 8, 10 или 12 рати, во зависност од висината на долгот, изјави денеска директорот на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје Александар Атанасов.
Граѓаните ако должат од 10 до 30 илјади денари ќе можат да го платат долгот без камата на максимум четири рати, а доколку должат од 50 до 70 илјади денари можат да платат без камата на максимум осум рати.
Тој појасни дека плаќањето заостанат долг без камата важи и за правните лица. Ова не важи само за државните институции и единиците на локалната самоуправа.
„Приватните и стопански субјекти можат да го исплатат долгот на 2,3,4,5 и 6 рати без камата од претходни години и зависно од долгот од 50, 100, 150 или 200 илјади денари“, рече Атанасов.
Управниот одбор на претпријатието донел одлука со која физичките лица од социјално ранливите категории, приматели на постојана парична помош, приматели на социјална помош и самохрани родители кои имаат заостанат долг, да можат да го отплатат на двојно повеќе рати од предвиденото.
Одговарајќи на новинарско прашање, Атанасов рече дека интензивно се работи на новата управна зграда на претпријатието.
„Планираме до крајот на овој месец да завршат сите активности и на почетокот на март официјално да се вселиме во новата управна зграда“, рече Атанасов.
Можеби ќе ве интересира
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот
ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми
УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата
МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење
СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема
УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето
Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје




