05 Декември, 2025
0.0371

ВОЈНА ЗА ЈАЈЦАТА: Српските излегоа посилни од македонските!

Објавено во: Агробизнис 10 Април, 2015 09:50

Добивај вести на Viber

Извозот на јајца непосредно пред годинешните велигденски празници потфрли. Бизнисмените од овој сектор велат дека годинава не извезувале ниту кај единтвениот најголем партнер   Србија, бидејќи им барала прелевман односно царинска давачка од еден динар по извезено јајце. Според информациите на македонските бизнисмени, Србија годинава се соочува со вишок од јајца, затоа го вовела прелевманот, но од друга страна вишокот го пласира на македонскиот пазар, што директно ја урива цената на македонските живинари. Бизнисмените велат дека веќе побарале за големиот увоз на српски јајца да реагираат македонските надлежни институции. Според податоците од Агенцијата за храна и ветеринарство, во цела 2014-та година од Србија се увезени 2.785.600 јајца, а годинава само во првите три месеци се увезени 3.611.360 јајца. -Продажната Цена од фарма е 5 денари за едно јајце, а во малопродажба се движи од 6 до 7 денари. Лани цената од фарма беше од 5,5 до 6 денари за јајце. Дополнителен проблем е тоа што имаше голем увоз на јајца од Србија што директно ја урна нашата цена од фарма и во целата состојба ќарија трговците. Сегашната цена од фарма е далеку од рентабилна, едвај да се покријат основните трошоци. За економично работење продажната цена од фарма треба да биде 5,5 денари за јајце. Дополнителен проблем е извозот, Србија воведе прелевман од еден динар за извезно јајце, што ние не можеме тоа да го издржиме, а од друга страна својот вишок на јајца слободно го пласира на македонскиот пазар. Нашата држава нема заштитни  механизми, а од друга страна јајцаето е единстевниот производ за кој нема субвенција, вели Вили Кичуков, претседател на Групацијата на живинари при Стопанската комора на Македонија. Според информациите на бизнисмените, напливот на српски јајца се случува веќе неколку месеци. Упатените коментираат дека во изминатиов период неделно во земјава влегувал по еден шлепер со 300 илјади јајца кои и со траспортните трошоци се со пониска цена од македонските јајца. Од министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство изјавија дека ја следат состојбата и ќе излезат со свој став. На проблемот со нелојалната конкуренција во продажбата со јајца живинарите веќе неколку години предупредуваат. Минатата година се соочија со хиперпродукција на јајца но од нелегалните живинарски фарми кои немаат воведно ХАСАП сертификат, не прават испитувања за салмонела, а нудат пониска цена на јајцата, и на тој начин ја уриваат цената на големите живинарски фарми кои работат по сите европски стандарди. Годината претходно во 2013-та, на македонскиот пазар имаше наплив од евтини косовски јајца, кои повторно предизвикаа дисбаланс на пазарот, а живинарите реагираа дека се продаваат необележани и по пониски цени. Европа не дозволува ниту транзит на македонските јајца Бизнисмените од овој сектор предупредуваат дека кризата во живинарството уште повеќе ќе се продлабочи, бидејќи фармите веќе долг период работат со загуби, а соочуваат и со проблемите при пласманот, особено што сеуште немаат дозвола за извоз во земјите од Еврпската унија и покрај тоа што македонските компании ги исполнуваат сите европски стандарди за безбедност и квалитет. Но не само што пласманот не е дозволен, туку ЕУ не дозволува ниту транзит на македонските јајца, укажуваат бизнисмените. -Во Европската унија не смееме да извезуваме, бидејќи не сме членки, немаме извознички броеви, не смееме ниту  транзитно да поминеме, па така спречен ни е извозот на јајца и во Турција, што директно влијае врз намалување на македонскиот извоз на јајца, објаснува Кичуков. Пред Велигден цената на јајцата непроменета Според проценките на бизнисмените годинава продажбата на јајца пред христијанскиот празник Велигден, е просечна. Цената на јајцата е непроменета и е речиси на исто ниво како и лани. -Годинава продажбата на јајца пред Велигден ќе ја окарактеризирам како просечна. Дневното производство е непроменетно и изнесува околу еден милион јајца. Цената е непроменета веќе шест месеци. Во малопродажба се движи од 5,5 до 7 денари за јајце. Домашниот пазар нема да остане без јајца, има доволно големо производство. Немаме потреба од вонредно производство, вели Кичуков. Се намалува извозот на јајца Последните години извозот на јајца се намалува. Во 2012 според податоците од Агенцијата за храна и ветеринарство од Македонија се извезле повеќе од пет милиони јајца, во 2013-та година  во периодот до Велигден се извезени 1.038.960 јајца, а лани за цела година се извезени само 1.316.574 јајца и тоа само во Косово и Црна Гора. Од 2009 година производството на јајца бележи пад. Од 274 милиони јајца произведени во 2009 година, во 2013 годината производството е намалено на 216 милиони јајца. Намалувањето на производството, според живинарите, се должи на недостигот и скапата добиточна храна која во трошоците за живинарството учествува со 80 отсто. Ј.С

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?