24 Ноември, 2024
0.0277

Volkswagen ID.4 е Светски Автомобил на годината!

Објавено во: Мои пари 21 Април, 2021

Добивај вести на Viber

 „World Car of the Year 2021“ е Volkswagen: Новиот и целосно електричен ID.4 преовлада над силната меѓународна конкуренција на интернационалните „World Car Awards“- наградите за автомобили. Светската награда „World Car of the Year“ ја доделуваат повеќе од 90 меѓународни автомобилски новинари од 24 земји, кои гласаат за најдобрите иновации на светскиот пазар.

Особено сме задоволни што нашиот ID.4 е прогласен за Светски автомобил на годината“, вели Ралф Брандштетер, извршен директор на патнички автомобили на Volkswagen. „Не само затоа што е една од најважните награди за автомобили во светот - туку затоа што жирито ја истакна одличната идеја на одличниот тим на Volkswagen. Модел за клучните пазари на Европа, Кина и САД ја носи нашата електрична офанзива низ целиот свет. Убедлив автомобил, одлична идеја - и награда за Светски автомобил на годината? Тоа нам ни звучи одлично!“, додаде Ралф Брандштетер.

Возилата што ги исполнуваат условите за наградата Светски автомобил на годината мора да бидат произведени во најмалку 10.000 единици годишно и да бидат понудени на најмалку два континента.

„Наградата Светски Автомобил на Годината претставува голем успех за целиот ID тим“, вели Томас Улбрих, член на бордот за развој на брендот Volkswagen. „Успеавме да развиеме автомобил што ја започнува системската промена во електро-мобилноста во најважниот светски сегмент на компактни теренци и нуди одлична секојдневна употребливост. Со него, ID.3 и со претстојните ID модели, правиме иновативна електрична мобилност на пазарот, со волумен кој е достапен за сите“.

Жирито ја пофали грижата за еколошката средина без испуштање на директни емисии, како и иновативните карактеристики на ID.4. На пример, иновативниот дисплеј за аугментирана реалност, достапен опционално. Може да проектира важни информации на ветробранското стакло, како што се насоките од системот за навигација. Возачот ги гледа овие информации во 3D, со јасен приказ за насоките во просторот пред него на оддалеченост од три до десет метри пред возилото. Ова значи дека дисплејот е совршено интегриран во реалниот надворешен свет. Кога адаптивниот темпомат (ACC) или системот за помош при патување (Travel Assist) се активни, возилото пред ID.4 е светлосно обележано на главниот дисплеј со одредена брзина за да може да се задржи потребното растојание.

ID.4 исто така поставува стандарди во дигитализацијата. Автомобилот може да добива редовни ажурирања и нови функции преку интернет. Volkswagen е првиот производител во сегментот кој го нуди ова. Возилото секогаш да биде ажурирано.

Со стекнувањето на оваа награда, на 17-тото доделување на наградата „World Car of the Year“, ID.4 ја продолжува успешната приказна на Volkswagen на овој натпревар. Не само што е добро прифатен од светските новинари, туку и од клиентите. Volkswagen планира да испорача околу 150 000 ID.4 во светот оваа година. Електричната офанзива претставува основен елемент на стратегијата „ACCELERATE“ на Volkswagen. Компанијата планира да претставува барем еден нов и целосно електричен модел на пазарот секоја година.

Поради пандемијата КОВИД 19, оваа година церемонијата на доделување на наградите за „World Car of the Year“ се одржа дигитално. Можете да се погледнете на YouTube.com/worldcartv..

Во Македонија, ID.4 официјално ќе започне со продажба во мај.

Volkswagen добитници на наградата „World Car of the Year“:

2009: Golf (World Car of the Year)
2010: Polo (World Car of the Year)
2011: up! (World Car of the Year)
2013: Golf (World Car of the Year)
2021: ID.4 (World Car of the Year)

ПР објава

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

БРАКО на АНАНАС: медицинскиот мебел на БРАКО отсега и со онлајн продажба на Ананас

БРАКО на АНАНАС: медицинскиот мебел на БРАКО отсега и со онлајн продажба на Ананас

Се одржа Првата Регионална Конференција за обработка на дрво и производство на мебел во организација на МЕБЛИНГ

Се одржа Првата Регионална Конференција за обработка на дрво и производство на мебел во организација на МЕБЛИНГ

Успешната визионерска приказна на ЕЛЕНА ЛУКА на „Profemina“ 2024

Успешната визионерска приказна на ЕЛЕНА ЛУКА на „Profemina“ 2024

Најчести „грешки“ кои треба да ги избегнувате кога аплицирате за кредит

Најчести „грешки“ кои треба да ги избегнувате кога аплицирате за кредит

Премиера на новиот BMW X3 во Македонија

Премиера на новиот BMW X3 во Македонија

Ексклузивно лансирање на новиот Porsche 911 во Скопје

Ексклузивно лансирање на новиот Porsche 911 во Скопје

Black Friday во „Литература.мк“ со сериозно големи попусти до 90%

Black Friday во „Литература.мк“ со сериозно големи попусти до 90%

Samsung го лансира новиот Galaxy A06: Проширување на границите кај паметните телефони од средна класа

Samsung го лансира новиот Galaxy A06: Проширување на границите кај паметните телефони од средна класа

Иновативните политики покренуваат значајни промени: Одржана конференција „„ReThink: Учиме од Шведска“

Иновативните политики покренуваат значајни промени: Одржана конференција „„ReThink: Учиме од Шведска“