05 Декември, 2025
0.0720

Вонредни инспекции на храната заради бактеријата листерија

Објавено во: Агробизнис 22 Јули, 2014 13:17

Добивај вести на Viber

Откако за еден месец се заразија седум, а починаа три лица од бактеријата листерија, се мобилизира надлежните служби. По налог на Комисијата за превенција на заразни болести, Агенцијата за храна од денеска почнува со вонредни контроли во сите поголеми производствени погони за храна и магацини за чување и дистрибуција на храна, од каде ќе се земат примероци за анализа. Ќе се направи контрола и на сите зелени пазари, а Државниот санитарен и здравствен инспекторат ќе ја провери безбедноста на млекото наменето за доенчиња на одделенијата за неонатологија и педијатриските одделенија. Центрите за јавно здравје, пак, прават теренски проширени епидемиолошки истражувања кај сите случаи со листериоза особено во однос на видовите храна консумирани во претходниот месец пред појава на симптомите. Агенцијата „Нетпрес“, повикувајќи се на доброинформирани извори, објави дека надлежните институции се сомневаат дека опасната бактерија која уби три лица, меѓу кои и едно новороденче, ја има во производите на две домашни месни индустрии. Анализите, кои покажале позитивни резултати за присуство на бактеријата, биле направени во лабораториите на Институтот за јавно здравје и на Ветеринарниот факултет. Но, од таму одбиваат да ги откријат имињата на компаниите затоа што велат дека анализите уште се во тек, а конечните резултати би се знаеле в петок. Агенцијата за храна и ветеринарство соопшти дека во анализите на мостри кои редовно ги прават на домашни и увозни производи, засега не е најдена оваа бактерија. Опасната бактерија листерија кон крајот на минатиот месец предизвика скандал во Србија, откако беше откриено дека оваа земја извезувала месо заразено со бактеријата за Русија. Руските инспекциски служби откриле присуство на лисетерија во замрзнато месо од српски производител, по што ги предупредија српските органи да ги зајакнат инспекциите во сопствените капацитети и се заканија со стопирање на увозот на српско месо. Во Австрија и Германија 18 лица се заразија со листериоза во јуни, од кои осум починаа. Бактеријата ја добиле консумирајќи заразено швајцарско сирење.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?