Воведена нова автобуска линија
Објавено во: Мои пари 04 Април, 2013 15:00
Градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски и директорот на ЈСП Скопје Мишо Николов денеска ја промовираа новата автобуска линија 5А што ќе сообраќа од населбата Дексион во општина Ѓорче Петров до Клиничкиот Центар.
- Новата автобуска линија 5А се воведува на директно барање на жителите на Дексион и Ѓорче Петров, кои побараа уште една автобуска линија што ќе ја поврзе оваа општина со Клиничкиот центар, рече Трајановски.
Тој упати благодарност до Владата на Република Македонија за помошта за обновување на возниот парк на ЈСП Скопје без која, како што рече, немаше да бидеме во можност да ги воведеме овие нови линии.
Претходно, пред околу две години, ЈСП Скопје ја воведе и автобуската линија 22А.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Пакомак најави отворање на нов погон за секундарно селектирање на отпадот, каков што нема никаде на Балканот
Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“
Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“
ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ
Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?
Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели
Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни
АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј





