ДУНА го отвори освежениот Аpple продажен салон во скопскиот ГТЦ
Вoведување на урбаниот дух во минималистички концепт
Објавено во: Мои пари 01 Март, 2017 14:11
“Во една ваква атмосфера, нашата идеја е на заинтересираните клиенти и посетители да им овозможиме целосно уживање додека пазаруваат кај нас”, вели Филип Малинов, Apple менаџер во ДУНА.

Како официјални дистрибутери на Аpple, ДУНА ги отвори вратите и го претстави комплетно освежениот – и визуелно и концептуално - продажен салон во Скопје. Со ова, домашната компанија демонстрира дека во чекор го следи глобалниот тренд на промени кога станува збор за продажните салони на брендот, воведувајќи свеж и урбан дух во минималистичкиот концепт. Duna Concept Store е местото каде што заинтересираните ќе можат да се запознаат со сите новини поврзани со највредниот светски бренд - Apple, како и со новите производи на Garmin, Ricoh, Bang and Olufsen, како и на партнерите Technogym, Illy, Lux, Specialized и други.

“Во Duna Concept Store, секој од брендовите си има свој засебен простор, акцентиран со нему својствените атрибути, а сите заедно создаваат возбудлива нова целина, чија цел е потполно да го анимираат посетителот. Новината е и тоа што буквално сè што е изложено во салонот е наменето за продажба: од ИТ опремата, до лустерите, од плочките на подот, до мебелот. Во една ваква атмосфера, нашата идеја е на заинтересираните клиенти и посетители, да им овозможиме и целосно уживање додека пазаруваат кај нас, со послужување на кафе и чашка вино, од нашите ценети партнери”, изјави Филип Малинов, Apple менаџер во ДУНА.
Ентериерот е изработен со современи материјали и доловува различни сценарија во просторот, што дозволува фокус точно на она што се бара, а во исто време да се отвори можност за ново и неочекувано искуство во пазарењето. Во освежениот продажен простор што е на старото место – на приземјето во ГТЦ во Скопје, меѓу останатото, ќе можат да се видат и парчиња на најсовремениот мебел на италијанските брендови Poltrona Frau, Archetipo и Riccardo Rivoli и други партнери на Duna Concept Store.
Можеби ќе ве интересира
ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА
Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон
Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“
Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун
Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција
Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час
Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете




