Воз излета од шини, има повредени
Објавено во: Свет 21 Декември, 2018
Воз во метро излетал од шините во францускиот град Марсеј, при што 14 луѓе се повредени, соопштија официјални лица за сообраќај во Франција.
Возот излета на другата линија од подземната мрежа на овој град.
Во несреќата нема посериозно повредени лица и сите патници се безбедно евакуирани.
Сообраќајот цел ден беше во прекин.