ВОЗЕЛ ПИЈАН И ПРЕГАЗИЛ МАЛОЛЕТНИЧКА: Ќе се гони за безобзирно управување со моторно возило
Објавено во: Македонија 13 Август, 2025 09:26
Полициски службеници од Полициското одделение во Македонска Каменица, денеска во 02.10 часот на улица „Каменичка“ го лишиле од слобода Г.А.(51) од Македонска Каменица.
Како што соопшти МВР, тој се сомничи дека околу 23.00 часот на 12.08.2025 со патничко возило „мерцедес“ со италијански национални ознаки, кое го управувал, удрил во 13-годишна малолетничка од Македонска Каменица и го напуштил местото.
-Малолетничката се здобила со тешки телесни повреди и била пренесена во Клиничка болница Штип за укажување помош. По преземени мерки Г.А. бил пронајден, при што било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,99 промили алкохол во крвта и бил лишен од слобода, стои во соопштението.
Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.
Можеби ќе ве интересира
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот
ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми




