Возилата на БРАКО на саем во Калифорнија
Објавено во: Мои пари 10 Февруари, 2023 09:20
озилата на БРАКО за одржување хигиена во урбани средини се претставуваат на саем во Калифорнија во рамките на Конференцијата за градски управи, која се одржува од 8 до 10 февруари во градот Карлсбад.
Оваа конференција редовно ги снабдува со современи и неопходни информации членовите на раководствата на градовите и обезбедува широк ранг на новини и податоци кои го помагаат менаџирањето на градските средини.

Возилата на БРАКО се пласираат на американскиот пазар преку фирмата-ќерка на БРАКО во Калифорнија и саемот е можност за ново организирано претставување пред градските власти во тој дел на САД.

Возилата веќе се набавени од повеќе градови во Калифорнија, како Сан Франциско, Лос Анџелес, Сан Диего, Сакраменто, Сан Маркос, Сан Бруно и други, а нарачки пристигнуваат и од други градови низ САД.


Можеби ќе ве интересира
ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА
Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон
Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“
Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун
Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција
Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час
Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете




