Возило на украинската амбасада учествувало во сообраќајна несреќа во Скопје
Објавено во: Македонија 02 Октомври, 2022 16:28
Возило на амбасадата на Украина во Македонија учествувало во сообраќајна несреќа во центарот на Скопје во која еден пешак завршил со повреди на клиниката „Мајка тереза“, објави МВР.
„На 01.10.2022 во 15 часот пријавено е дека во Скопје на паркинг пред маркет на улица „Митрополит Теодосиј Гологанов“ се случила сообраќајна незгода во која учествувале патничко моторно возило „БМВ“ со дипломатски регистарски ознаки, управувано од И.И.(50) од Украина, патничко моторно возило „голф“ со скопски регистарски ознаки управувано од Б.Ѓ.(35) од Скопје и пешакот Д.А.(63) од Скопје.
Во незгодата со повреди се здобила Д.А. констатирани од лекар во Комплекс клиники „Мајка Тереза“. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР-Скопје“, инфомира полицијата.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки




