Вознемирувачко фото: 10 мртви во Санкт Петерсбург - Експлозија во метрото
Објавено во: Свет 03 Април, 2017
Десет луѓе се мртви по силната експлозија во метрото во Санкт Петерсбург, а има и голем број на ранети патници. Експлозијата се случила на станицата „Сенаја плошчад“ или „Технолошки институт“.
„На метро-станицата „Сенаја плошчад“ во Санкт Петербург одекна експлозија, има настрадани“, изјави соговорник на ТАСС, истакнувајќи дека станицата е многу зачадена. Се евакуираат патниците, вклучително и од тунелот.
На кадрите објавени од „Фонтанка“ се гледа дека подземниот ходник е зачаден, а луѓето ги напуштаат вагоните.
На интернет се појавија вознемирувачки фотографии од деформиран вагон и голем број повредени, а најверојатно и мртви.
Извор за РИА „Новости“ од своја страна соопшти дека три станици на петербуршкото метро се затворени – „Садоваја“, „Плоштадот на востанието“ и „Технолошкиот институт“.
Засега властите вклучувајќи го и претседателот Владимир Путин не ги откриваат причините за експлозијата, но терористички напад сеуште не е исклучен и се води голема истрага на безбедносните служби. Во московското метро сега се примените засилени мерки на безбедност.