Возниот парк на Железници ги доби првите товарни вагони
Објавено во: Македонија 03 Март, 2015
Денеска пристигнаа 107 од планираните 150 товарни вагони за возниот парк на Македонски железници.
Оваа инвестиција ја чини Македонија 14 милиони евра.
На пристигнувањето на вагоните присуствуваа премиерот Груевски, вицепремиерот Ставрески и министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески.
„Проектот за набавка на нови 150 товарни вагони е во длабока фаза на реализација. Веќе 107 вагони пристигнаа во Македонија, 43 треба да пристигнат во наредните неколку месеци со што ќе се заокружи проектот во којшто инвестираме 14 милиони евра“, изјави Груевски.
Со претстојната набавка на две третини нови вагони за патничкиот сообраќај во 2017 година ќе се обноват и останатите со што во 2018 биде обновен комплетно возниот парк.