19 Декември, 2025
0.0530

ВРАБОТЕН ВО ЈАВНО ПРЕТПРИЈАТИЕ ВО ЧАШКА „ПОЗАЈМУВАЛ“ НАФТА ОД СЛУЖБЕНИТЕ КАМИОНИ: по апсењето, во домот му нашле и оружје

Објавено во: Македонија 17 Јули, 2025 14:36

Добивај вести на Viber

Вработен во јавно претпријатие Тополка од општина Чашка бил фатен како си претура нафта во пластични туби од возилата на јавното претпријатие. 
Тој бил лишен од слобода возач откако полицајците го затекнале во моментот на кражба на нафта од камион на претпријатието

- На 16.07.2025 во 12.45 часот во атар на село Раковец, општина Чашка, полициски службеници од СВР Велес го лишија од слобода Д.Ѓ.(57) од општина Чашка. На депонија во атар на село Раковец, тој бил затекнат од полициски службеници како од резервоарот на службено возило на Јавното претпријатие за комунални дејности „Тополка“ од општина Чашка, каде е вработен како возач, претура нафта во пластичен сад. На местото од него се одземени две пластични туби од шест и 10 литри полни со нафта и едно црево - се посочува во соопштението на МВР. 

Потоа додаваат дека, по наредба на Основен суд Велес извршен е претрес во домот на Д.Ѓ., при што се пронајдени и одземени седум патрони калибар 16, две пакувања со црна прашкаста материја, 15 иницијални каписли за патрони, машинка за затворање на патрони за ловечка пушка, кожен ремен за патрони, празни патрони за ловечка пушка и други предмети. 
За настанот е известен јавен обвинител и по целосно негово документирање, против Д.Ѓ. ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Можеби ќе ве интересира

Бојан Маричиќ се пријавил за претседател на ДИК

Бојан Маричиќ се пријавил за претседател на ДИК

Орце Ѓорѓиевски: Финансиска полиција подигна обемна документација од Град Скопје, Комунална хигиена и ЈСП

Орце Ѓорѓиевски: Финансиска полиција подигна обемна документација од Град Скопје, Комунална хигиена и ЈСП

АХВ ВО КОНТРОЛА НА НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА: Еве што открила

АХВ ВО КОНТРОЛА НА НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА: Еве што открила

„ТОА Е ИСТО КАКО ХИТЛЕР ДА ТЕ ПОФАЛИ ЗА ДОБРИТЕ РЕФОРМИ ШТО ГИ ПРАВИШ“: Најчевска за пораката на Трамп дека сме на добар пат во развојот на демократијата

„ТОА Е ИСТО КАКО ХИТЛЕР ДА ТЕ ПОФАЛИ ЗА ДОБРИТЕ РЕФОРМИ ШТО ГИ ПРАВИШ“: Најчевска за пораката на Трамп дека сме на добар пат во развојот на демократијата

ОПОЗИЦИЈАТА МОЖЕ ДА СЕ ПОВИКУВА НА КОГО САКА: Тошковски за темата мигранти

ОПОЗИЦИЈАТА МОЖЕ ДА СЕ ПОВИКУВА НА КОГО САКА: Тошковски за темата мигранти

ДЕЛ ОД МАКЕДОНЦИТЕ ПОСЕДУВААТ ВАКВО ИСКУСТВО: Oва ги турка напред во кариерата

ДЕЛ ОД МАКЕДОНЦИТЕ ПОСЕДУВААТ ВАКВО ИСКУСТВО: Oва ги турка напред во кариерата

ТРЕНЧЕВСКА ВЕЛИ ДЕКА СДСМ ВЛЕГУВА ВО НОВА ФАЗА НА ПОЛИТИЧКО ЗАЈАКНУВАЊЕ: Се огласи и за резолуцијата на Собранието

ТРЕНЧЕВСКА ВЕЛИ ДЕКА СДСМ ВЛЕГУВА ВО НОВА ФАЗА НА ПОЛИТИЧКО ЗАЈАКНУВАЊЕ: Се огласи и за резолуцијата на Собранието

„ОВА Е УБАВО СПАКУВАН ПЛАН ЗА ДИСЦИПЛИНИРАЊЕ НА ДРЖАВИТЕ“: Ванковска за бриселските заклучоци за Западен Балкан

„ОВА Е УБАВО СПАКУВАН ПЛАН ЗА ДИСЦИПЛИНИРАЊЕ НА ДРЖАВИТЕ“: Ванковска за бриселските заклучоци за Западен Балкан

„НЕ СУМ ВЕТИЛ ЧУДА“: Ѓорѓиевски побара трпение од граѓаните

„НЕ СУМ ВЕТИЛ ЧУДА“: Ѓорѓиевски побара трпение од граѓаните