Вработени во МВР денеска добија бонус-плата од 23.000 денари
Објавено во: Македонија 22 Декември, 2020
Денеска на 1624 вработени во МВР на сметките им легна бонус-плата од 22.928 денари. Од министерството соопштуваат дека средствата се обезбедени од сопствени заштеди и домаќинско работење.
Станува збор за онус-плата која ја оствариле во 2017, но досега не им била исплатена.
Од МВР велат дека обезбедена ќе биде и бонус плата за вработени во министерството за оствaрени над 150 часа прекувремена работа на годишно ниво во текот на 2020.
Ваква нонус-плата ќе има и за оние на кои не им била исплатена за 2018 година.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.