Вработените кои комуницирале со сопствениците на „Пулс“ остануваат суспендирани: УЈП ќе одлучува согласно законите, соработува со надлежните институции
Објавено во: Македонија 09 Октомври, 2025 06:55
Управата за јавни приходи ќе ја остави мерката - суспензија за инспекторот Драган Паунов (брат на претседателката на скопскиот Кривичен суд, Даниела Димовска) и контролорот Дуле Димитриев, двајцата вработени кои комуницирале со сопствениците на „Пулс“.
Од таму за Фактор велат дека целта на мерките е да се обезбеди институционален интегритет и да се зачува угледот.
„Во согласност со претходно објавените информации, јавноста е запознаена со преземените мерки кон двајца службеници. Истите мерки остануваат во сила сè додека траат релевантните постапки за утврдување на фактичката состојба. Целта на овие мерки е да се обезбеди институционален интегритет, да се зачува угледот на Управата за јавни приходи и да се одржи довербата на граѓаните. Во однос на вработените, Управата ќе постапува исклучиво во согласност со законските прописи и Колективниот договор, при што активно соработува со сите релевантни институции“, велат од УЈП за Фактор.
Управата ќе ги носи одлуките за понатамошно постапување врз основа на резултатите од тековната постапка, за како што велат, да се обезбеди транспарентност и отчетност.
А.Т.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Владата демантира преговори со Британија за прифаќање азиланти
БОPЕНКА ја заокружува есенската сезона на 5 декември, Светски ден на волонтерите и Светски ден на почвите
Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат
(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени
Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме
ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите
КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи
Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија





