18 Декември, 2025
0.3236

СЕДУМ МЕСЕЦИ ТРАЕ ИСТРАГАТА ЗА ПОЛИЦАЈЦИТЕ ЗА „ПУЛС“: Не се знае ниту до каде е предметот против инспекторите од УЈП и други институции

Објавено во: Македонија 08 Октомври, 2025 08:10

Добивај вести на Viber

На 19 март и 16 април, Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, каде има Специјализираното одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања соопшти дека е почната истрага за полициски службеници, а поврзано со пожарот во Кочани. Седуммина, дека предизвикале значителна опасност за животот и телото на луѓето, овозможувајќи кабарето да работи во супстандардни услови, а десетмина, дека од 2012 до 2022 година, не постапиле според прописите за мерките за заштита – не извршиле целосна и детална проверка во врска со издавање на позитивна согласност за издавање лиценцата на „Пулс“. 

Седум месеци по првата истрага, шест по втората, Фактор праша во Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, до каде е предметот за полициските службеници. Прашавме во ова, но и во Основното јавно обвинителство, дали во овие предмети, или во посебен предмет, има опфатено и инспектори од УЈП или од други институции, а откако ИРЛ ја објави сторијата, во која меѓу другото, објави разговори на сопствениците на „Пулс“ со инспектори од Управата. На ниту едно од прашањата, одговор не добивме, иако дека постои предистражна постапка за инспектори, кажа самиот државен јавен обвинител, Љупчо Коцевски. Со оваа истрага, бројот на дејствија преземени за Кочани се искачи на четири - обвинение за 37-мина, две истраги за полициски службеници и истраги за инспектори од повеќе институции.

Управата за јавни приходи пак, соопшти дека за инспекторот Драган Паунов (брат на претседателката на скопскиот Кривичен суд, Даниела Димовска) и контролорот Дуле Димитриев, двајцата вработении кои комуницирале со сопствениците на „Пулс“ се врши внатрешна контрола и проверка на наводите, како и дека ќе бидат суспендирани додека не се утврди фактичката состојба.

Прашавме и во Управата - Дали тие се уште се под суспензија, но и кога ќе донесат одлука за тоа што понатаму со нив, односно дали ќе се чека евентуално судење и пресуда, па да падне одлуката во УЈП. И од таму, како и од Обвинителството, одлучија да не ги одговорат прашањата на Фактор.

Кривичниот суд пак, во петокот го прифати во целост обвинението за сите 37 обвинети во предметот кој беше отворен за пожарот во Кочани. Ќе го води судијката Диана Груевска Илиевска, која во соопштението на кривичниот суд беше пофалена како личност која има 19 годишен судски стаж. Кај неа беше предметот „Поткуп“, а која го спаси бегалецот и поранешен премиер Никола Груевски од притвор за предметот „Титаник“ во 2017 година. 

Александар Тодески

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Шилегов бара оставка од Филипче

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Шилегов бара оставка од Филипче

Желјазков: Немаме нерешени билатерални прашања со Република Северна Македонија

Желјазков: Немаме нерешени билатерални прашања со Република Северна Македонија

Петре Шилегов бара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче

Петре Шилегов бара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче

Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч

Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч

Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“

Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“

Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција

Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција

Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен

Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен

„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија

„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија

Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери

Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери