Вработените од „Југохром“ со протест во Скопје побараа да се вратат на работа
Објавено во: Македонија 24 Ноември, 2016 13:26
Вработените од фабриката „Југохром“ од Јегуновце денеска ја блокираа раскрсницата кај Судската палата во Скопје.
Бараат да се вратат на работа и велат дека „Југохром“ не е најголемиот загадувач на воздухот во Тетово. Синдикатот на вработените во „Југохром“ ќе достави барање до Инспекторатот во Министерството за животна средина, за металуршкиот комбинат „Југохром“ повторно да почне со работа.
„Југохром“ не работи дваесетина дена, а печките беа исклучени бидејќи не беа монтирани филтрите за заштита на животната средина.
Претходно, комбинатот бараше ново 18 месечно продолжување на законскиот рок и договорот да постави филтри за отпрашување.
Во јануари и февруари годинава „Југохром“ не работеше со одлука на раководството со цел да не се намали влијанието врз загадувањето на воздухот.
Претходно вработените го блокираа и патот Скопје - Тетово со исто барање, да се вратат на работа што поскоро.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки




