27 Ноември, 2024
0.0287

„Штом се исклучи печката ќе настане технолошко-економска катастрофа“: Вработените во „Еуроникел индустри“ бараат помош

Објавено во: Економија 09 Ноември, 2023

Добивај вести на Viber

Вработените во „Еуроникел индустри“ стравуваат за судбината на фабриката, па денеска за агонијата низ која поминуваат и со молба за помош испратиле допис со барање на помош и поддршка, до премиерот, вицепремиерот задолжен за економски прашања, министрите за економија и финансии, градоначалникот на Кавадарци, една од банките и Стопанската комора. Се бара заедничко решение за надминување на кризната состојба во „Еуроникел индустри“ ДОО.

- Како што знаете, Трговското друштво за ископ на руди, производство на метали, трговија и услуги „Еуроникел индустри“ ДОО Кавадарци како целосен преземач на „Фени индустри“ АД во стечај, го продолжи деловниот потфат, го одржа и континуирано го водеше производствено-технолошкиот процес, и директно ја реши судбината на голем број вработени. Како вработени, искрено мислевме дека ќе продолжиме со ваквиот успех и ќе редиме уште поголеми достигнувања, така и ни беше ветувано од инвеститорот - пишува во дописот.

Се нагласува дека до пред извесен период вработените биле убедени дека тешкиот период е далеку зад нив и никогаш нема да се повтори ниту слична ситуација како стечајна постапка. Но, за жал, се додава, во овој период, компанијата се соочувала со сериозни тешкотии и проблеми. Според сознанија на вработените, банката кај која е заложен целокупниот имот на комбинатот, водела разговори со различни потенцијални инвеститори и притоа имала намера да изврши ликвидација на имотот, за наплата на нејзините побарувања како доверител, за што со денови во компанијата биле присутни проценители кои го потпишувале имотот.

- Како вработени, многу добро знаеме дека во таква една постапка, печката ќе се изгаси, сите ние вработените ќе останеме буквално на улица на работ на својата егзистенција, а оштетени ќе бидат и сите останати доверители. Факт е исто така дека доколку се изгаси печката, имајќи предвид колку време и средства се потребни за нејзино рестартирање, дека веројатно ова ќе биде крајот на оваа фабрика која отсекогаш била од огромна економска и стратешка важност за државата, имајќи предвид обемот на средства кои влегуваат во државната каса по основ на разни даноци, придонеси и други давачки - пишуваат вработените. 

Тие бараат помош за заеднички да се најде излез и решение од оваа ситуација, бидејќи фабриката имала електрична енергија само уште за два дена.

– Штом се исклучи печката ќе настане технолошко-економска катастрофа од огромни размери на штета на сите вработени, на добавувачите, транспортерите, банката, државата и било какви потенцијални инвеститори - загрижени се вработените.

Тие молат за внимание околу нивниот проблем.

- Сметаме дека е исклучително важно да се обезбеди електрична енергија за греење на печката, за во меѓувреме да се најде и инвеститор кој е подготвен да го продолжи работењето на фабриката, со што сите вработени ќе ги задржат работните места, сите доверители ќе бидат исплатени, фабриката ќе продолжи да работи во интерес на сите засегнати страни. Имаме информација дека има и такви заинтересирани инвеститори, што се спремни да го преземат и продолжат работењето на фабриката и ќе биде спас од оваа голгота и единствен излез за сите нас. Бараме да застанете зад нас вработените и да не дозволите оваа фабрика да згасне, во која сме го вложиле целиот наш работен век и не сакаме туку така, буквално „низ вода“ да биде пуштен не само целиот наш труд, туку и на нашите идни генерации - пишува во дописот.

Вработените пишуваат дека се спремни да ги бранат фабриката, лебот и егзистенцијата со сите инструменти што се на располагање, преку собири, протести и блокади, само и само да се спасат работните места и егзистенцијата на повеќе од 1.000 семејства кои директно зависат од фабриката.

- Всушност, ако се земат предвид и надворешните добавувачи, транспортери и слично, оваа бројка е секако поголема од 2.000 семејства. Ве молиме погледнете на оваа ситуација од човечки аспект, дека сите ние сме луѓе со семејства, со деца кои треба да ги храниме, школуваме, облекуваме, вдомуваме, со различни здравствени проблеми и со бројни други човечки потреби. Особено ако се земе предвид дека ако се исклучи печката, губитници ќе бидеме сите, се вели во дописот. 

Фото: МИА

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

НАЈЧЕВСКА: За мене силна економија е таа во која нема сиромашни и бездомници

НАЈЧЕВСКА: За мене силна економија е таа во која нема сиромашни и бездомници

НИКОГАШ ПОСКАПО: Цените на кафето највисоки во последните 27 години

НИКОГАШ ПОСКАПО: Цените на кафето највисоки во последните 27 години

БОЖИЌЕН БОНУС ЗА ПЕНЗИОНЕРИТЕ ДО 600 ЕВРА: Кој град од регионот ја нуди оваа привилегија?

БОЖИЌЕН БОНУС ЗА ПЕНЗИОНЕРИТЕ ДО 600 ЕВРА: Кој град од регионот ја нуди оваа привилегија?

ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДААТ ШЕСТЕ ЕКОЛОШКИ АВТОБУСИ, ЌЕ СЕ ДВИЖАТ ПО ВНИМАТЕЛНО ПЛАНИРАНИ ЛИНИИ ВО СКОПЈЕ - свеченост за донацијата од Европската унија

ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДААТ ШЕСТЕ ЕКОЛОШКИ АВТОБУСИ, ЌЕ СЕ ДВИЖАТ ПО ВНИМАТЕЛНО ПЛАНИРАНИ ЛИНИИ ВО СКОПЈЕ - свеченост за донацијата од Европската унија

Ова е велешкото економско чудо! Кој може и знае како да заработи 4,2 милиони евра за девет месеци од ивоз на конци и предива?

Ова е велешкото економско чудо! Кој може и знае како да заработи 4,2 милиони евра за девет месеци од ивоз на конци и предива?

Засилени контроли на патарините, казни од по 200 евра за неплаќачите

Засилени контроли на патарините, казни од по 200 евра за неплаќачите

ТРГОВСКИТЕ БАРИЕРИ НА ТРАМП ЌЕ БИДАТ ИСКЛУЧИТЕЛНО БОЛНИ ЗА ГЕРМАНСКИТЕ КОМПАНИИ: Еве на што предупредуваат економистите

ТРГОВСКИТЕ БАРИЕРИ НА ТРАМП ЌЕ БИДАТ ИСКЛУЧИТЕЛНО БОЛНИ ЗА ГЕРМАНСКИТЕ КОМПАНИИ: Еве на што предупредуваат економистите

Винарија Камник со најмногу освоени медали и два трофеи на саемот Винска визија на Отворен Балкан

Винарија Камник со најмногу освоени медали и два трофеи на саемот Винска визија на Отворен Балкан

Авионска линија Прага-Скопје, партнерство со универзитети – иницијативи на Божиновска за поблиски односи со Чешка во бизнисот, образованието и енергетиката

Авионска линија Прага-Скопје, партнерство со универзитети – иницијативи на Божиновска за поблиски односи со Чешка во бизнисот, образованието и енергетиката