ВРАБОТЕНОСТА ВО ЕВРОПА СО НОВ РЕКОРД - но не сите региони се развиваат согласно плановите, еве кои земји се предводници
Објавено во: Економија 14 Октомври, 2025 09:18
Брисел ја објави сликата од пазарот на трудот за 2024 – и таа е импресивна на прв поглед: вработеноста во ЕУ достигна историски максимум од 75,8 отсто. Тоа се 2,2 поени под целта од 78 проценти поставена со Акцискиот план за европскиот столб на социјални права за 2030 година.
Никогаш повеќе Европејци не работеле.
Но, сепак, кога ќе се погледне картата по региони, еуфоријата спласнува: успехот не е рамномерно распределен и континентот сè уште е 2,2 процентни поени под целта од 78 отсто до 2030 година.
На север и во центарот на Европа, бројките изгледаат супер. Чешка и Шведска – сите нивни региони го минуваат прагот. Добри постигнувања имаат и Холандија, Данска, Ирска, Германија и Словачка.
На оваа мапа се издвојуваат и Естонија, Кипар и Малта, каде државното ниво ја достигнува или надминува целта.
Вкупно, речиси половина од ЕУ-регионите (113 од 243) веќе се стигнати до поставената или посакуватана цел за 2030 година.
Има и „клуб над 85 отсто“ – редок, но значаен. Станува збор за Аландските Острови во Финска каде вработеноста на населението достигнува рекордни 86,4 проценти.
И Варшава бележи исто така високи 86,2 отсто, па следува Братислава со 85,4 проценти. Будимпешта исто така се истакнува со 85,3 проценти вработеност од популацијата, па следува Утрехт со 85,3 отсто и Прашкиот округ со 85,1 проценти.
Ова се неколкуте региони каде економијата влече напред, а пазарот на труд брзо апсорбира работна сила.
Тоа се главни градски или силно поврзани урбани јадра со густ сообраќај на инвестиции, знаење и услужни дејности.
Но картата има и свои „ладни точки“.
Во јужна Шпанија и Италија, голем дел од Грција, поединечни области во Романија и најоддалечените територии на Франција, вработеноста останува ниска. Често се работи за рурални, ретко населени или периферни региони, каде патиштата до работните места се подолги, а индустриските јадра – далечни.
Втората категорија заостанати области ја сочинуваат поранешни индустриски седишта што не успеале навреме да се приспособат на новата економија. Бројките тука се отрезнувачки: околу четвртина од регионите, или 65 од 243 региони во 2024 имале под 73,5 отсто вработеност.

На дното се Калабрија со 48,5 проценти, па следува Кампања со 49,4 отсто и Сицилија со 50,7 проценти. Тоа се три јужни италијански региони каде структурните слабости траат со децении.
Во „жолтата зона“ се и дел од Брисел со 64,1 отсто вработеност, па Лацио со 69 проценти, Виена со 70,6 отсто и Атика со 71 проценти. Тоа се големи метрополи што, и покрај силните услуги, се соочуваат со специфични пазарни сегменти, демографија и миграции што ја спуштаат стапката.
Приказната, всушност, е двојна.
Европа како целина напредува побрзо од очекуваното, но истовремено се распарчува на успешни јадра и заостанати појаси. За да се стигне целта од 78 отсто, не е доволно да се слават рекордите: потребни се насочени политики – подобра поврзаност на периферијата, преквалификации за поранешните индустриски центри, стимули за женска и младинска вработеност, и паметни мерки за активирање на долготрјајно невработените.
Европа работи – тоа е јасно. Но прашањето до 2030 е друго: дали сите региони ќе работат заедно? Само така рекордот ќе стане рамномерна нормала, а не статистика што блеска на север и избледува на југ.
Фото: Принтскрин/ Еуростат
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното
ПРЕДНОВОГОДИШНО РИПНАЛЕ ЦЕНИТЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ: Еве што покажува статистиката
ОД 11 ДЕКЕМВРИ НЕМА ПОВЕЌЕ ВОЗ НА ДЕЛНИЦАТА СКОПЈЕ-ЗЕЛЕНИКОВО: Почнува реконструкцијата на пругата
РКЕ го намали надоместокот за мрежарина за електрична енергија
ДОЦНА НАВЕЧЕР СЕ ПОТПИШУВАА РЕШЕНИЈА: Субвенции за набавка на клима уреди во Скопје
КУПИЛ ДВЕ НАПУШТЕНИ ШТИПСКИ СЕЛА: Косовски бизнисмен бара од Владата да ја гради најголемата фотоцентрала
АЛЕКСАНДАР МАНЕВ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „Кадарот го создава духот на компанијата“
Венецуела го зголеми дневниот извоз на нафта во ноември





