02 Мај, 2024
0.0247

ВРАБОТУВАЊЕ ВЕДНАШ: Во Германија ќе треба да се пополнат 100.000 слободни работи места

Објавено во: Економија 16 Декември, 2019

Добивај вести на Viber

На железниците во Германија итно им требаат 100.000 нови работници. 

До крајот на оваа година компанијата треба да вработи дури 24.000 нови вработени, а и в година треба да се вработат ист број луѓе.

Машиновозачите имаат просечен годишен приход од најмалку 38.000 евра, а најмногу околу 50.000 евра.

Кондуктерите примаат бруто-износ од 34.000 до 46.000 евра годишно. Угостителите кои работат во ресторани во возовите имаат плати од 33.000 до 37.000 евра годишно, а персоналот за услуги на клиентите добива меѓу 34.000 и 46.000 евра годишно.

На компаниите ќе им требаат машиновозачи, информатичари и услужен персонал, но и градежни и електроинженери, објави „Билд“.

Недостигот од стручни кадри ја загрижува и канцеларката Ангела Меркел. 

Законот за доселување на квалификувана работна сила ќе важи од 1 март 2020 година и има за цел да им го олесни патот на работниците од земји кои не се членки на ЕУ. 

Засега Германија има над 2 милиони работници кои се дојдени од други држави. 

Германската работна сила старее, додека младите Германци се селат во две до три земји, кои нудат поголеми плати, факт кој поретко се споменува

Властите во земјата за избори ветувале и искоренување на невработеноста. 

Минатиот месец во Германија 2,18 милиони луѓе беа невработени, а тоа значи дека стапката на невработеност е 4,8 проценти.

Можеби ќе ве интересира

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Радикално покачената минимална плата ги зголеми цените на услугите

Радикално покачената минимална плата ги зголеми цените на услугите

Трендафилов: Црвен картон за судот за конфискацијата на работничката зграда

Трендафилов: Црвен картон за судот за конфискацијата на работничката зграда

Роботите го имаат приматот во индустријата, човекот останува неприкосновен во другите дејности

Роботите го имаат приматот во индустријата, човекот останува неприкосновен во другите дејности

Договорот за слободна трговија меѓу Кина и Еквадор стапи на сила на 1 мај

Договорот за слободна трговија меѓу Кина и Еквадор стапи на сила на 1 мај

ПЕНЗИИТЕ СЕ НАМАЛУВААТ: Чешка ја зголемува старосната граница за пензионирање

ПЕНЗИИТЕ СЕ НАМАЛУВААТ: Чешка ја зголемува старосната граница за пензионирање

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ ОБЈАВИ ПОДАТОЦИ: Колку изнесува јавниот долг?

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ ОБЈАВИ ПОДАТОЦИ: Колку изнесува јавниот долг?

НЕВРАБОТЕНОСТ: Колку Германци се без работа?

НЕВРАБОТЕНОСТ: Колку Германци се без работа?