16 Мај, 2024
0.0332

Вратени 36 тони македонски краставици од Хрватска – биле преполни со пестициди

Објавено во: Агробизнис 09 Ноември, 2013

Добивај вести на Viber

Од Хрватска се вратени тресет и четири тони краставици од Македонија. Причината за ова е тоа што било откриено дeка имаат премногу опaсни хемикалии, објави весникот Нова Македонија. Во краставиците биле најдени остатоци од пестицидот хлорпирифос откриен со хемиската анализа. Од Агенцијата за храна ја потврдиле информацијата и најавиле истрага. Според нив, пестицидите биле користени два дена пред бербата. На штетните краставици им била ставена царинска пломба и се испратени на уништување. Се работи за големи количества од 8.615 килограми краставици од прва класа и 25.510 килограми од втора класа, со потекло од Македонија. Во нив е откриено присуство од 0,14 до 0,26 мг/кг од опасната хемикалија иако, според законските прописи на ЕУ и Светската здравствена организација, максималното ниво на резидуи за краставици е 0,05 мг/кг, прифатливо дневно внесување, пишува весникот. „Користени се пестициди два дена пред бербата, иако за да се разградат се потребни најмалку седум дена пред бербата. Пронајденото количество хлорпирифос е 10 пати поголемо од дозволеното. Вршиме истрага, иако се работи за искусна домашна фирма, која извезува и во други земји-членки на ЕУ - вели Абдулезел Догани, заменик-директор на Агенцијата за храна и ветеринарство.

Можеби ќе ве интересира

ПОЧНА СОБИРАЊЕТО И ОТКУПОТ НА ПЕЧУРКИ: Дали е на повидок успешна сезона?

ПОЧНА СОБИРАЊЕТО И ОТКУПОТ НА ПЕЧУРКИ: Дали е на повидок успешна сезона?