„ВРЕМЕ Е ДА ГО ВОВЕДЕМЕ ЕВРОТО“: Тоа е логичната иднина за оваа земја
Објавено во: Економија, Свет 03 Јануари, 2024
Претседателот на Чешката Република Петр Павел го искористи своето прво новогодишно обраќање по преземањето на функцијата за да повика на воведување на еврото во Чешка.
„Дојде време да се започне со преземање конкретни чекори кои ќе доведат до исполнување на оваа обврска“, рече тој, пренесуваат агенциите.
За централноевропската земја со отворена, извозно ориентирана економија, заедничката валута е „логичната иднина“, рече тој.
Поранешниот началник на Генералштабот на вооружените сили Павел е на чело на оваа членка на ЕУ и НАТО со околу 10,8 милиони жители од март 2023 година.
Чешката Република има своја валута, круната. Прага вети дека ќе го усвои еврото кога се приклучи на Европската унија пред речиси 20 години, но за тоа не е поставена конкретна временска рамка. Либерално-конзервативната влада, предводена од премиерот Петр Фијала, се уште не успеала да се договори за датумот на воведување на еврото, пишува Индекс.
Сепак, промената на законот што стапи на сила на почетокот на годината им овозможува на компаниите кои најголемиот дел од прометот го остваруваат во евра да ги чуваат сметките во таа валута. Од чешката стопанска комора велат дека многу големи компании и онака веќе си испраќаат фактури во евра.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.