Добивај вести на Viber
Договорената финасиска помош за Кипар беше хаотичен процес, што ги натера најголемите европски ескперти да размислуваат за промени.
„Време е да се размисли околу начинот на кој регионот се бори со кризата и околу тоа кој се учествува во денсувањето на важни одлуки“.
Експертите наведуваат дека ММФ кој допринесе за пакетите помош како со стручна поддршка така и финасиски, можеби веќе не е неопходен како клучен партнер, пренесува агенцијата АП.
Исто така еврозоната би можела брзо да донесува одлуки и да реагира кога не би постоело правилото за едногласно одлучување на 17 земји членки, наведуваат експертите.
Бројни аналитичари и лидери на земји надвор од Европа зборуваа за слична загриженост и порано,но сега и двајца високи претставници на ЕУ сметаат дека нешто треба да се направи.
Европскиот комесар за економија и финасии Оли Рен и членот на управниот одбор на ЕЦБ, Јерг Асмусен неодамна изјавија дека попуштањето на финасиската криза дава прилика да се поправи тоа што е “скршено“.
-Ако ММФ може да донесува одлуки со 85 отсто, а не едногласно, зошто тоа да не го прави и еврозоната? Тоа процесот на одлучување ќе го направи многу ефикасен, смета Рен.
Европа мора да ги решава проблемите сама
Асмусен пак запраша дали учеството на ММФ во таканаречената тројка која ја сочинуваат ЕЦБ и Европската комисија е сеуште неопходно.
-Време е Европа да ги решава своите проблеми без помош од надвор, изјавил тој.
Според аналитичарот Кристофер Вајл европските лидери конечно стануваат свесни за ситуацијата на финасискиот пазар.
-Моменталната структура на одлучување не е функционална, формирана е брзоплето, поради кризата и треба да биде променета, порачува тој.
Некои земји инсистираат ММФ да учествува во програмата поради стручност во решавањето на кризата низ светот, иако многумина во самиот ММФ уверуваат дека Европа е доволно силна сама да ги решава проблемите.
Асмусен пак предлага наместо ММФ, еврозоната да го употреби Европскиот стаблизационен механизам ,ЕСМ. Тој фонд моментално не е во оквирот на системот на евроските институции, па сегашната “тројка“ би можела да биде расформирана кога ЕСМ во целост ќе прерасне во институција на ЕУ.
Како да се донесуваат одлуки?
Покрај улогата на ММФ во програмата за спас, под микроскоп се најде и еврогрупата, која ги собра министрите за финасии на еврозоната и која првобитно е смислена како форум за размена на мислења за економски и финасиски прашања, но во текот на кризата прерасна во орган кои носи важни одлуки, едногласно, што не е секогаш едноставно.
Еврогрупата и Кипар во март, после маратонските преговори договорија пакет помош кој ги шокира граѓаните на Кипар и пазарот. Кипарските банки ги замрзнаа депозитите на граѓаните, со план тие да бидат оданочени се со цел да се обезбедат средства неопходни за спас, што е потез кој ги крши правилата околу гаранциите на депозитите помалку од 100.000 евра во ЕУ. Планот беше одбиен по 48 часа.
По една недела во Брисел беше скован нов план кој подразбира озбилна реструктура на банкарскиот сектор и големи загуби за граѓаните со депозити поголеми од 100.000 евра.
Меѓутоа реформата на системот одлучување не е едноставна. Поголемиот дел на одлучување би можел да доведе до тоа поголем број мали земји да се здружат и да го “скокнат“ малиот број големи земји во донесувањето на одлуките. Од другастрана пак принципот заснован по економската сила на земјите би значел дека на Германија и Франција им припаѓа околу 50 отсто од гласачките права.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.