Добивај вести на Viber
Миксот на политички и економски одлуки некогаш може да биде навистина неповолен и да се претвори во молотов коктел, кој може да ја запали целата нација. Европската Унија барем засега успева да го избегне ова сценарио, но делува дека кога ќе се затвори една дупка дека се отвара друга и засега оваа спирала продолжува по овој принцип.
Факт е дела целата стратегија делува како една приказна која ја има кажувано менаџерот на Френк Синатра, Џери Вајнтрауб продуцентот на Океановите 13. Во еден момент кога Френк бил целосно депримиран, Џери му се јавува и му вели дека има одличен предлог. Оди во неговата хотелска соба, се сретнуваат и му кажува дека има идеја која утредента ќе му ја презентира и тоа е нешто феноменално. Работата е во тоа што, Џери нема поим која идејата. Неговата цел била да го врати Синатра на сцената па потоа да мисли што да прави. За негова среќа смислува проект на концерти кои ќе се емитуваат во живо, а Синатра настапува на ринг и настанот е промовиран во стилот на големите боксерски мечеви. Со тоа се обележува големото и последно враќање на еден од најголемите забавувачи кои светот ги видел.
Целата досегашна политика и пристап на лидерите на ЕУ е несомнено купување време. Доколку ги читаме насловите од пред неколку години ќе видиме дека никој не веруваше дека Грција ќе дифолтира на нејзиниот долг. Дури и отписот кој Грците го направија не го нарекуваат дифолт. Во меѓувреме се отвори Италија, па Монти малку ги смири работите, после сите ја зборуваа Шпанија, а ги заборавија Португалија и Ирска. Во меѓувреме Шкотска сака независнот, а и самата Шпанија не е далеку од таквите сценарија. Имајќи го во предвид составот на ЕУ разбирлива е тромавоста на носење на одлуки во Унијата. Неспоредлива е брзина со која Бернанке реагира во САД, споредено со она што го прават во унијата. Па така мерките од пред некој месец ги донесоа во Европа, во САД се на сила неколку години. Во основа политика на шутирање на конзервата и не е така лоша ако знаете што сакате да направите на крајот на патот. Самиот чин на одложување и не е така проблематичен. Резултатите на тоа се евиденти. Сега веќе има многу помалку наслови со кои се предвидува апокалипса на Европа и на еврото, но стравовите се далеку од исчезнати. Главното прашање е дали постои вистинско решение.
Веројатно одоговорностите мора да бидат поделени. Реално и југот и северот треба да сфатат што добиле со ЕУ. Германија не може, а да не им биде благодарна на Грците, Италијанците, Шпанците и Португалците затоа што тие десетици години ги купуваат нивните мерцедеси и технологија од секаков тип. Нивната неспособност да произведуваат барала да се земаат кредити и сега Германија не може да се прави слепа дека не знаела за тоа што се случува. Впрочем нема дилема дека Германците многу добро знаат дека лидерското место што во моментот го имаат во унијата не е мала работа и дека нивната моќ во светот, делумно ја црпат од моќта што ја имаат во Унијата. Од друга страна југот мора да разбере дека времето на пари без мотика помина. На еден или друг начин состојбата во нивните дворови ќе мора да биде средена. Типичен пример за нивната неодговорност спрема државата е туризмот. Сетете се кога сте добиле фискална сметка на Халкидики или на околните туристички места. Неколку години по избивањето на кризата Грците не сфаќаат дека мора внатрешно фундаментално да го сменат начинот на кој ги поимаат работите. Исто така оваа земја мора да разбере дека не мора да значи дека иднината на Унијата зависи исклучиво од нив. Голем дел од долговите на Грците веќе не се во билансите на банките, што би рекло преку ЕЦБ лидерите на големите држави, индиректно ги заштитија своите еконономии. Па така колку помала е изложеноста на Грција толку полесно истата може да се откачи од синџирот. Секако најголемиот страв е дека излегувањето на Грција може да предизвика верижна реакција. Факт е дека на ЕУ и значи да остане целосна и тоа во основа за неа би било и најдобро решение. Во секој случај југот подолг период ќе трпи последици, впрочем доколку се храните нездраво 20 години и се здебелите 40 килограми над просекот не може да очекувате да ослабете за 2 години на пример. И нормално ако претерате со диетите може и да умрете. Токму од тоа се плашат земјите од југот, кое ниво на диета е доволно. Мерките се навистина драконски и најсилно се чувствуваат кај Грците. Самата статистика покажува дека нивото на пад на БДП во Грција е нешто најблиску на она што САД го доживеа за време на големата депресија. Силен пад на економијата, пропратен со раст на невработеноста.
Она што е дополнителен проблем се и изборите во Германија во септември. Нема дилеми дека без оваа држава важни одлуки не може да се носат. А важни одлуки во основа пред избори не се носат, освен доколку не сакате сигурно да ја загубите власта. Можно сценарио е ова тетеравање да продолжи низ целата 2013 година, и во најдобар случај би било економиите да се движат околу нула или нешто под нула. Како стојат сега работите, ова може да се толкува и како успех.
Веројатно без разлика дали сте поборници или не обединувањето е решение доколку сакаат да ја задржат Унијата. Треба добро да го проценат (меѓутоа без адреналин) бенефитот што сите земји го имаат кога се заедно и зијанот кога се поделени. Впрочем ќе видиме дали Европејците ќе излезат попаментни од Југословените кои не најдоа начин (без разлика дали по нивна или туѓа вина) да бидат дел од заеднички пазар кој денеска проценуваат дела би вредел пола трилион долари (секако доколку немаше војна).Тие и сега се дел од заеднички пазар, меѓутоа истиот претходно беше осакатен.
Лично немам дилема дека расподот на Унијата ќе значи голем број на мали безначајни економии кои ќе играат на начин на кој големите ќе свират. Од друга страна постои мислење дека и во моментов за помалите држави важи тоа правило, сите играат на музиката на Франција и Германија и секако и овој став е сосема легитимен.
Лидерите се на потег, а конзервата тешко дека ќе може да се шутира уште многу долго време.
Милан Димитриоски
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.