Време за дивиденда: Колку ќе даде „Макпетрол“ на своите акционери?
Објавено во: Економија 26 Април, 2021
„Макпетрол“ и годинава на ниво! Ќе дели иста дивиденда како и во 2019 година. Ова особено добива на тежина и е за почит затоа што е голем аргумент за односот на менаџментот на „Макпетрол“ кон неговите акционери. Затоа што дивидендата е иста како претходната година иако добиваката заради корона кризата е многу пониска од 2019 година
Најголемата компанија за продажба на мало на нафтени деривати – скопски „Макпетрол“ годинава ќе подели 3,3 милиони евра бруто дивиденда на своите акционери. Тоа е 58 отсто од добивката по оданочување што лани ја оствари друштвото во своето работење. Секој акционер на компанијата годинава ќе добие по 2.000 денари дивиденда, односно на сите акционери домашни физички лица (ги има над 2.300 лица, кои поседуваат 60 отсто од акциите н.з.) на сметка по одбиток на персоналниот данок на доход ќе им легнат по 1.800 денари за акција. Со оглед на последната пазарна цена на таа акција тоа е принос од 2,3 отсто и е конкурентен на вложување во орочен банкарски депозит.
Многу е значајно да се истакне и тоа што „Макпетрол“ води особена грижа и за вработените (од кои значаен број се и акционери н.з.) па освен дивидендата ќе ги мотивира и со еден милион евра од добивката што е остварена лани.
Така, во одлуката за распределба на добивката е предвидено 60 милиони денари односно безмалку еден милион евра да бидат за стимулација на вработените во „Макпетрол“. Планиран е и „стимул“ и за раководните лица на кои друштвото ќе им подели 100.000 евра. Со горенаведените наградувања „Макпетрол“ е на извесен начин своевиден модел на корпоративно наградување кое теоретски потсетува на социјалистичките теории според кои вработените треба да учествуваат и во распределба на профитот затоа што учествуваат во неговото создавање со својот труд.
Како и да е деловната политика на менаџментот на „Макпетрол“ со овие мерки е за пример и покажува особена грижа за сите нивоа на своите вработени, а и за сите акционери едновремено.
Како работеше „Макпетрол“ лани може да прочитате на следниот линк Групата „Макпетрол“ ја порази короната! Сеопфатната добивка е 6,4 милиони евра
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.