ВРЕМЕНСКА КАТАСТРОФА: Невремето направи хаос во Романија, има и загинати
Објавено во: Свет 14 Септември, 2024
Пет лица се пронајдени мртви по невремето што ја зафати источна Романија, а десетици се заглавени во поплавените подрачја, соопштија денеска романските служби за итни случаи.
Телата се пронајдени во местата Пече, Драгушени, Костаче Негри и Кород.
Спасувачките служби се борат да спасат 95 луѓе во тешко погодените источни области Галати и Васлуи. Хеликоптер е испратен во Галати за да помогне во потрагата и спасувањето.
Невремето погоди 19 места во осум окрузи во Романија, а силниот ветер собори десетици дрвја кои оштетија автомобили и блокираа патишта и го онезвожија сообраќајот.
Романскиот премиер Марсел Чолаку, поради невремето, денеска ја откажа посетата на областа Галати.
Од невреме, пороен дожд и поплави, викендов се погодени и Чешка, Полска, Австрија, Германија, Словачка и Унгарија.
Фото:МИА