Врховниот командант Иванов традиционално на првиот ден од 2017 со војниците
Објавено во: Македонија 01 Јануари, 2017 15:20
Претседателот на Република Македонија и врховен командант на вооружените сили Ѓорге Иванов денеска ги посети припадниците на Армијата на Република Македонија во армискиот склад „Еребино“.
Претседателот Иванов на припадниците на АРМ кои извршуваат должност за време на новогодишните празници им ја честита Новата 2017 година и им се заблагодари придонесот што овозможуваат празниците, како што рече, да ги минуваме во мир и благосостојба.
– Честитајќи им ја Новата година им посакувам да продолжат професионално да ги обавуваат сите свои обврски како што тоа го правеа досега. Ја користам оваа можност и да им ја честитам Новата година на припадниците на Армијата на Република Македонија кои се во мировните мисии во странство. Тие се наша гордост и горди сме се што прават и ја промовираат Македонија, рече Иванов.
Тој се заблагодари на Армијата за се што направила досега, како што е помошта што ја дава на полицијата за обезбедување на границата во справувањето со илегалната миграција, но и за помошта што ја даде во елементарните непогоди што се случија минатата година во скопскиот регион.
– Од името на граѓаните сакам да им се заблагодарам и да им укажам чест и внимание, додаде Иванов, притоа уште еднаш честитајќи им ја Новата година на сите граѓани на РМ, со порака за сплотеност, како во празничните денови, така и во текот на целата година.
Одговарајќи на новинарско прашање во врска со процесот за создавање нова влада претседателот Иванов рече дека треба да се почитуваат роковите според Уставот.
– Јас како претседател сум обврзан според Уставот, по конституирањето на Собранието во рок од десет дена да го дадам мандатот, потоа следи мандатарот кој има дваесет дена да ја состави владата која треба да добие мнозинство во Парламентот, истакна Иванов.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки




