ВРИЕ ЛИ ВО ДУИ: Познати членови негодуваат за изборот на Груби и Османи
Објавено во: Македонија 20 Август, 2020
Не одело се така глатко на состанокот на Централниот совет на ДУИ, вчера додека партијата ги договараше и ги потврдуваше кандидатите за министри во идната Влада. Албански медиуми во земјава јавуваат дека разговорите се вжештиле, дури, и дека претставници на ограноците на ДУИ од Сарај и Чаир во знак на револт не учествувале на состанокот. Најголема причина за несогласувањата според медиумите се кандидатурите за министри на Артан Груби и Бујар Османи. Груби е предложен за прв вицепремиер, додека Бујар Османи оди во Министерството за надворешни работи. Сепак дел од членовите и партиските функционери негодувале и за тоа што повторно исти луѓе добиваат шанси, дури имало реакција и за Фатмир Бесими кој е предложен за министер за финансии, додека неговиот брат Флорин Бесими веќе е избран за пратеник. Со тоа, како што се тврди исти луѓе, исти семејства со години се провлекуваат на функции.
Партиски извори коментирале дека Груби и Османи не се поддржани од Чаир и Сарај и дека ако ги почитуваат гласачите од овие места тие треба да се повлечат.
Алсат М јави дека на состанокот не дошле пратениците Изет Меџити и Арбен Зибери, а незадоволство од поделбата на ресорите имало и во Струга. Дури с епроблематизира изборот и на Талат Џафери, па се шпекулира дека некои од нив нема да го дадат својот глас за него денеска кога треба да се избира нов Претседател на собранието.
Освен Груби, Османи и Бесими, ДУИ предложи Крешник Бектеши да е министер за економија, а Насер Нуредини да остане во Министерството за животна средина Оттаму се уште немаат предлог министер за информатичко општество и администрација. Според првичните информации на тоа место требаше да биде Ширет Елези, досегашната заменик министерка за финансии, но извори тврдат дека за неа не се изјаснил позитивно Централен совет на ДУИ.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.