05 Декември, 2025
0.0542

Вртоглав раст на цените на месото?!

Објавено во: Агробизнис 05 Јуни, 2014 07:55

Добивај вести на Viber

Порастот на цената на суровината за месни преработки на светските берзи, ќе ја зголеми и цената на месните производи на македонскиот пазар, коментираат за Фактор дел од бизнисмените од месната индустрија. Последниот период цената на суровнината особено на говедското месо и на пилешкото драстично се зголеми, а бидејќи ние сме увозно зависни од суровинтите за месни преработки, тоа директно ќе влијае и врз цената на готовите производи, објаснуваат упатените во овој бизнис. Засега компаниите не откриваат кога ќе ги корегираат цените, бидејќи сеуште прават пресметки. Но велат дека нагорните корекции не се поради пропаѓањето на компанијата “Римес”, туку поради скапата суровина со која производството е нерентабилно. Месото што е се употребува за производство на месни преработки, речиси комплетно доаѓа од увоз. Околу 90 отсто од говедското и 50 отсто од свинското месо наменето за месни преработки доаѓа од увоз. Најголем пораст е забележан кајувозот на живински месо. Како се намалува добиточниот фонд, така расте и увозот на месо, кој годишно вкупно дотигнува над 100 милиони евра. Причината поради која македонската индустрија е увозно зависна од суровина, бизнисмените ја лоцираат во намалениот добиточен фонд. Скапата добиточна храна беше клучната причина за трендот на намалување на бројот на добиток. Агробизнисмените коментираат дека и владината мерка за намалување на ДДВ-то за добиточна храна, нема да направи некои драстични позитивни ефекти во делот на цената и трошоците. Поради контиунираниот пад на добиточниот фонд, Македонија со години е увозно зависна од месо за производство на месни преработки а делумно и од свежо месо. Според податоците од Стопанската комора на Македонија, најголемо намалување е забележано кај бројот на овците,свињите и живината, но и кај говедата. Засега потребите на пазарот  се покриваат со домашното производство, а оваа гранка има и извоз во вредност од околу 25 милиони евра. Месната индустрија на тест за издржливост Упатените во бизнисот алармираат дека состојбата во месната индустрија се влошува. Тоа што еден од познатите брендови во овој бизнис “Римес” стави клуч на продавнците, значи дека нешто не е како што треба, коментираат бизнисмените. Голем дел од компаниите обременети со долгови за кредити, работат неликвидно, и се обидуваат на секаков начин да ги подмират долговите, или ги зголемуваат цените на производите или пак ги намалуваат само за да се продаваат, и покрај тоа што на крајот немаат никаква добивка, објаснуваат бизнисмените од овој сектор.Бизнисмените велат дека во слична состојба како “Римес” се и другите компании.
- Жално е тоа што компании од нашата бранша пропаѓаат, и тоа не е за радување. Но соскапа суровина и со евтин готов производ, нема што друго да се случи, освен тоа што му се случи на Римес, вели Арбен Абдурахмани, сопственик на “Везе Шари и Лекер”.
Дел од бизнисмените велат дека на пазарот се сооченисо нелојална конкуренција и од увоз и дома. Порачуваат –законските регулативи да важат за сите играчи на пазарот.
- Месната индустрија во моментов не стои добри, поради тоа што условите за стопанисување особено со регулативите кои што се наметнаа, сеуште не се применуваат за сите учесници на пазарот. Сеуште толерирањето на работењето на објекти кои што не се преструктуирани прават една нелојална конкуренија која не можеме да ја издржиме. Исто така нашите домашни производи не се конкурентни на домашниот пазар заради увозните производи, бидејќи суровината која ја набавуваме односно увезуваме е оптоварена со околу 20 отсто давачки, изјави за 24 Вести, генералниот директор  на “Мик Свети Николе” Влатко Ѓеоргиевски.
Упатените предупредуваат дека не само “Римес”, туку во периодот што следи е можно и други поголеми компании од овој сектор да стават клуч на врата. Од поголемите компании алармираат дека голем дел од фирмите од овој бизнис работат неликвидено и се загалвени со кредити. Причината за тешката ситуација во која што се моментално се наоѓа овој бизнис, ја лоцираат во банките, куповната моќ и капацитетот на пазарот.
- Допрва ќе се затвораат компании, пазарот е мал, а има мноу производствени капацитети. Банките се немилосрдни со каматите. Ние што на времето направивме погони, навреме направивме и тоа без кредити, тоа беше друго време. Сега побарувањата од банките се големи, компаниите работат неликвидно, заглавени се со кредити. Денеска во вакво време не се инвестира и реално е да се стави клуч на врата, оти не се издржува. Од друга страна се чувствува и ослабената потрошувачка моќ, граѓаните немаат пари, ако порано купувале три пати неделно месни производи, сега еднаш или ниту еднаш, гледаат што поевтино да поминат. Во однос на конкуренцијата не се согласувам дека проблемот е во увозните производи оти и ние извезуваме во земјите од регионот, па можеби и они за нас велат дека ние сме им нелојална конкуренција, вели за Фактор бизнисмен од индустријата за месни преработки.
Пред два дена компанијата Римес ги затвори продавниците во Скопје. Иако од раководството засега нема коментар зошто се затворени месарниците, дел од доверителите на Римес ја потврдија информацијата и посочуваат дека фирмата се наоѓа во тешка финансиска состојба, поради што раководството одлучило да ги затвори продавниците. Доверителите укажуваат дека ќе направат напори да и помогнат на фирмата повторно да застане на нозе и да продолжи со работа. Ј.С

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?