ВРТОГЛАВА ЦЕНА: Новиот iPhone 8 ќе чини за прв пат над 1.000 долари
Објавено во: Мои пари 09 Февруари, 2017 11:42
Во оваа година iPhone наполни 10 години и а во јубилејот се очекува Apple да пушти специјален уред. Очекувањата кон најновата генерација, која ќе биде претставена во септември годинава се многу големи и Apple изгледа сака да одговори соодветно на нив. Но тоа ќе доведе и до создавање на најскапиот iPhone досега, соопштува интернет изданието Fast Company.
Според изворите на весникот оваа година ќе има три верзии на iPhone. Две од нив ќе се очекуваните iPhone 7S кои ќе ја следат веќе традиционалната линија на непречено ажурирање на телефонот секоја година. Тие ќе се соодветен стандарден модел и верзија Plus со малку поголем екран.
Третиот модел најверојатно ќе се вика iPhone 8 и ќе има уште поголем екран. Се очекува тој да е 5.8-инчен, да користи OLED дисплеи и практично ќе нема видлива рамка околу краевите . Според други извори, моделот може да се вика и iPhone X во чест на 10-годишниот јубилеј. Тој ќе чини над 1000 долари, а крајната цена ќе зависи од избраната вградена меморија.
Цената не изгледа неверојатна, бидејќи 256 GB верзија на iPhone 7 Plus чини 969 долари. OLED дисплеите се двојно поскапи од сегашните LCD, а освен тоа, новиот смартфон ќе има повеќе RAM меморија.
На допир копчето Home во iPhone 8 ќе се прикажува само на екранот . Ова копче беше непроменлив детал уште од 2007 година, но со новиот дисплеј место за него не останува и копчето ќе биде виртуелно.
Друг карактеристичен момент во iPhone 8 ќе биде интегрираниот 3D сензор, создаден од компанијата Lumentum. Се претпоставува дека тој ќе се користи за препознавање на човековите лица и ќе ја дополнува предната камера за снимање на поквалитетни фотографии, но главната негова примена се очекува да биде во виртуелната реалност.
Можеби ќе ве интересира
ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА
Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон
Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“
Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун
Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција
Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час
Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете




