ВРТОГЛАВИ СУМИ: Еве какви плати добиваат во Белата куќа
Објавено во: Свет 08 Јули, 2017
Секоја година администрацијата на американскиот претседател објавува пред Конгресот какви се платите на вработените во Белата куќа. За платите има горна граница - 179 700 долари годишно. Но колку сепак земаат во просек потчинетите на Доналд Трамп?
Поранешниот службеник на Goldman Sachs Гери Најт, директор на Националниот економски совет, на пример добива одвај по 30 000 долари годишно.
Според официјалните податоци ќерката на Трамп Иванка и нејзиниот сопруг Џаред Кешнер не добиваат плата за позициите кои ги заземаат во управувањето.
Овие тројца, се разбира, не се единствените кои добиваат плати кои се значително пониски во споредба со приватниот сектор. Напротив, главниот калиграф на Белата куќа добива 102 212 долари годишно; директорот на програмата на Белата куќа за практиканти и волонтерски програми добива 89 000 долари; директорот задолжен за претседателските подароци - 62 000, а директорот задолжен за преписката на администрацијата со ученици и деца - 47 000 долари.
Меѓу оние кои добиваат максимални 179 700 долари годишно, се Стивен Банон кој е главен стратег и главен советник; Стивен Милер - виш советник; Кели Конвеј - главен советник, и шефот на кабинетот на Трамп Раинс Прибс.
Прес секретарот Шон Спејсер кој е и асистент на претседателот, исто така спаѓа во оваа група, додека неговата заменичка Сара Хакаби добива 165 000 долари.
Платата на самиот претседател, пак, изнесува 400 000 долари. Спејсер информираше порано во текот на годината дека Трамп ја донирал целата своја плата за првиот квартал на службата одговорна за националните паркови во САД.