26 Јуни, 2024
0.0285

Врвни медицински зафати за одбележување на 23тиот роденден на Клиника Жан Митрев-Продолжуваме да работиме со несмален интензитет и посветеност!

Објавено во: Македонија 04 Март, 2023

Добивај вести на Viber

Со изведување на минимално инвазивни зафати и врвни операции денеска беше одбележан 23тиот роденден на Клиниката Жан Митрев. Медицинските тимови направија 4 кардиохируршки, 2 васкуларни, 2 ортопедски и 1 абдоминална операција. 

Исто така беа спроведени и 3 минимално инвазивни кардиолошки зафати (2 ТАВИ и 1 ТЕВАР).

TAVI– Transcatheter Aortic Valve Implantation е всушност замена на срцев залисток/ валвула, односно третирање на тешка аортна стеноза без операција, во овој случај 39та по ред. А втората TEVAR е сложен хибриден зафат на торакоабдоминалната аортна аневризма од која до сега се изведени 59 во нашата клиника. 

Примената на современите методи во кардиохирургијата како што се зафатите TAVI и TEVAR се од особена важност за пациентите бидејќи се решаваат состојби на срцето без отворање на градниот кош на пациентот како резултат на што пациентот закрепнува за многу кратко време без компликации.

„Ова е голем ден за нашата Клиника, голем ден и за приватното здравство во Македонија, бидејќи за 23 години успеавме да покажеме дека со истрајност и труд можен е развојот на приватното здравство. Станавме синоним за примена на највисоките светски медицински стандарди и тоа ќе останеме“, порача д-р Жан Митрев по изведувањето на оперативните зафати.

Клиниката ја започнува својата работа во 2000та година со 6 вработени, една операциона сала и 12 болнички кревети. Денес Клиниката располага со простор од 17 000 м2, 5 операциони сали, одделенија за интензивна и полу интензивна нега каде функционира нашиот тим од над 350 вработени.

Има направено 40 000 операции, 1 милион прегледи и брои 390 000 пациенти кои поминале низ институцијата.

„Пред себе имаме целосно дигитализирана Клиника којашто ги задоволува највисоките еколошки стандарди без CO2 отпечаток (carbon footprint). Во 2020 година, во време на пандемија, по вторпат добивме акредитација со златен печат од „Joint Committee International“. Овие признанија сепак се дополнување на беспрекорната работа на тимот на Клиниката и секако тука е нашата почит и благодарност кон нашите пациенти кои ни го доверуваат најскапоценото- нивното здравје“, додаде Митрев. 

Под Клиниката функционираат и два големи дијагностички центри под брендот Жан Митрев Дијагностик во Струмица и во Битола. 

Можеби ќе ве интересира

МВР ПОДНЕСЕ КРИВИЧНА ПРОТИВ ИБРАИМОСКИ - го теретат за згрозување на сигурноста, ден претходно тој тврдеше „се замајува јавноста“

МВР ПОДНЕСЕ КРИВИЧНА ПРОТИВ ИБРАИМОСКИ - го теретат за згрозување на сигурноста, ден претходно тој тврдеше „се замајува јавноста“

БОРИСОВ СЕ ЗАКАНИ: „Без нашата и поддршката од Грција, РСМ немаат шанси за ЕУ“

БОРИСОВ СЕ ЗАКАНИ: „Без нашата и поддршката од Грција, РСМ немаат шанси за ЕУ“

КРИВИЧНА ЗА ОЛИВЕР СПАСОВСКИ: Ја поднесе Синдикатот на полицијата, еве за што се работи

КРИВИЧНА ЗА ОЛИВЕР СПАСОВСКИ: Ја поднесе Синдикатот на полицијата, еве за што се работи

СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ не ги почитувале препораките на ДЗР, само Алтернатива реализирала

СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ не ги почитувале препораките на ДЗР, само Алтернатива реализирала

„ВО РСМ ПОЛИТИЧКАТА КЛАСА ИМА СТРАВ ОД „БУГАРИН“ И „БУГАРСКИ“: Радев гневен на македонските политичари

„ВО РСМ ПОЛИТИЧКАТА КЛАСА ИМА СТРАВ ОД „БУГАРИН“ И „БУГАРСКИ“: Радев гневен на македонските политичари

Мицкоски ја пријави имотната состојба: Куќа од 440.000, швајцарски часовници од 52.000 евра

Мицкоски ја пријави имотната состојба: Куќа од 440.000, швајцарски часовници од 52.000 евра

ЗАТРУПАН РЕГИОНАЛЕН ПАТ, ОШТЕТЕНИ АПАРАТИ ВО ДОМОВИТЕ: бројни штети во Свети Николе и Неготино, екипите веднаш реагираа

ЗАТРУПАН РЕГИОНАЛЕН ПАТ, ОШТЕТЕНИ АПАРАТИ ВО ДОМОВИТЕ: бројни штети во Свети Николе и Неготино, екипите веднаш реагираа

ФАКТОР ДОЗНАВА ЗОШТО НЕ ФУНКЦИОНИРА ЕДИНСТВЕНИОТ АКВА ПАРК ВО СКОПЈЕ: Не е профитабилен и има многу нелогичности кои не го оправдуваат неговото постоење

ФАКТОР ДОЗНАВА ЗОШТО НЕ ФУНКЦИОНИРА ЕДИНСТВЕНИОТ АКВА ПАРК ВО СКОПЈЕ: Не е профитабилен и има многу нелогичности кои не го оправдуваат неговото постоење

ЗМИИТЕ СЕ РАЗДВИЖИЈА ВО ПРИРОДА: Граѓаните со репеленти се штитат од „несаканите гости“

ЗМИИТЕ СЕ РАЗДВИЖИЈА ВО ПРИРОДА: Граѓаните со репеленти се штитат од „несаканите гости“