09 Април, 2025
0.0400

ВРВНИОТ СУПЕРМОДЕЛ ТАЊА ПАТИЦ ПОЧИНА ОД КАНЦЕР НА ДОЈКА: Една од најубавите жени на светот не се избори со болеста, имаше само 56 години

Објавено во: Стил 12 Јануари, 2023 14:25

Добивај вести на Viber

Почина Татјана Патиц, врвен супермодел од 1980-тите и 1990-тите. Таа имаше 56 години.

„Татјана почина утрово во Калифорнија. Причината за смртта е рак на дојка“, изјави агентот на Патиц, Корин Николас, за Insider.

„Денес модната индустрија изгуби икона“, а потоа ја цитираше Ана Винтур која вели дека Патиц „отсекогаш била европски симбол на урбана убавина“

Патиц е родена во Хамбург, Германија, но пораснала во приморскиот град Сканор во Шведска. Токму таму, Патиц влегува во светот на модата, на натпревар во 1983 година, каде што го освои третото место, според Вог.

Освен од модните писти на ревиите на Диор, Шанел, Келвин Клајн, Валентино, Фенди, Дона Каран и уште многу други на кои Патиц беше заштитно лице, светската јавност ја памети убавата Тања во безвременскиот видео спот на Џорџ Мајкл, „Freedom“ во друштво на Синди Крафорд, Линда Еваџелиста, Наоми Кембел и Кристи Тарлингтон.

Славната петорка даде силен печат во светот на модната индустрија во 80-тите и 90-тите години. 


Можеби ќе ве интересира

„МЕ ОПЕРИРАШЕ ВРВНА ДОКТОРКА, ПАЦИЕНТИТЕ ОД КОЧАНИ ГИ ЧУВААТ КАКО КАПКА НА ДЛАНКА“ - Весна Петрушевска направи реконструктивна операција, ова се деталите

„МЕ ОПЕРИРАШЕ ВРВНА ДОКТОРКА, ПАЦИЕНТИТЕ ОД КОЧАНИ ГИ ЧУВААТ КАКО КАПКА НА ДЛАНКА“ - Весна Петрушевска направи реконструктивна операција, ова се деталите