ВТОР ОБИД ЗА АТЕНТАТ НА ТРАМП: Тој го впери прстот кон запаливите изјави на Харис и Бајден
Објавено во: Свет 16 Септември, 2024
Екс американскиот претседател Доналд Трамп денеска ги обвини сегашниот претседател Џо Бајден и потпретседателката Камала Харис за вториот обид за атентат во неговиот голф клуб во Флорида.
За време на интервју за Fox News Digital, Трамп рече дека осомничениот верувал во изјавите на Бајден и Харис и постапил според нив.
„Тие пукаат во мене поради нивната реторика. Кога јас сум тој што ќе ја спаси земјата, а тие се оние кои ја уништуваат – и одвнатре и однадвор“, рече тој.
Тој алудираше на коментарите на Бајден и Харис дека Трамп е закана за демократијата.
„Тоа се луѓе кои сакаат да ја уништат нашата земја. Бајден и Харис се вистинска закана. Тие користат запаливи изјави. И јас би можел да го сторам тоа, многу подобро од нив, но не го правам тоа“, рече Трамп.
Американецот Рајан Весли Раут (58), кој беше уапсен за безбедносен инцидент на Флорида што ФБИ го истражува како обид за убиство на републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп, влегол во федералната судница во Вест Палм Бич на Флорида, објави Си-Ен-Ен.На социјалните мрежи тој силно ја поддржува Украина во војната против Русија.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.