Втор протест на ВМРО-ДПМНЕ: Блокирана улицата кај Регулаторна
Објавено во: Македонија 11 Септември, 2020
ВМРО-ДПМНЕ ја блокираше улицата кај Регулаторна комисија за енергетика со најавениот втор протест за три дена поради поскапувањето на електричната енергија.
- Ако владата има слух, ќе ги промениме нашите одлуки за протести и поставување на барикади, но познавајќи ја власта, ќе биде чудо тоа да се случи, беше кажано на протестот на кој што беа користени и звучни сирени.
На истиот до РКЕ беа упатени две барања - поевтинување на струјата со ревидирање на одлуката и разрешување на членовите на комисијата.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.