10 Мај, 2024
0.0277

Втор роденден на Фактор!

Објавено во: Економија, Колумни 01 Октомври, 2014

Добивај вести на Viber

Убаво се сеќавам. Тоа беше на почетокот на април оваа година. Од Стразбур се враќав за Скопје. Тој ден променив два авиони и еден автобус. Неколку часа чекав на аеродромот во Франкфурт (тоа беше планирано) и уште неколку часа чекав на аеродромот во Загреб (тоа беше непланирано, затоа што полетувањето на авионот доцнеше). Во Скопје стасав некаде околу полноќ. Изморен од целодневното патување, едвај чекав да стигнам дома. Излегов од зградата на аеродромот. Такси возилото веќе беше таму. Удобно се сместив на задното седиште и чекав да тргнеме. Возачот на такси возилото го гледав прв пат во животот. Веројатно и тој мене. Па сепак, човекот пријатно ме изненади со она што ми го рече: „Јас ги читам сите Ваши колумни за Фактор“. Останав вчудоневиден. Не знаев дека порталот е до таа мера прифатен од широките народни маси. Му се заблагодарив на возачот, се замислив и се насмевнав во себе... Во сеќавањата се навратив на едно неделно пладне во октомври 2012 година. Еден мој почитуван пријател ме извести дека тој и уште неколку ентузијасти креирале економски портал. Портал што постојано ќе биде во тек со случувањата во сферата на економијата (а и во многу други сфери) и којшто навремено и непристрасно ќе ги информира читателите за актуелните случувања. Притоа, пријателот ме замоли да се обидам, барем еднаш месечно, да напишам по некој текст (или што би се рекло, по некоја колумна), па тоа да биде објавено на страницата на Фактор. На почетокот тоа ми изгледаше како невозможна мисија. Какви колумни? Па нели колумни пишуваат само прочуени имиња на новинарството кои сите ги знаат и ги препознаваат. А јас? Што барам јас во тие води? Па сепак, предизвикот беше поголем од скепсата. Решив да се обидам. Еднаш месечно, неколку страници текст, веројатно ќе успеам да составам нешто. Нешто што ќе биде интересно за пошироката јавност. Мој став за одредено прашање којшто сакам да го споделам со другите. Зошто да не се проба? Тоа еднаш месечно многу брзо стана еднаш неделно. Некогаш секојдневните настани го диктираа темпото на пишување, некогаш пишував на стручни теми. Најчесто од сферата на спречување на перење пари, но обработував и други економски теми. Некогаш економијата ја оставав на страна, едноставно пишував за своја душа... А реакциите на моите текстови? Некои ќе се согласеа со моите ставови, други ќе ме критикуваа, трети ќе излезеа со мислење дека „колумнистот си нема попаметна работа“. Колку луѓе, толку вкусови... Април 2012 година којшто го спомнав на почетокот на колумната измина пред неколку месеци. Дојде есента, дојде и први октомври. Порталот Фактор прославува две години од постоењето. Две години... Изминаа како за час. Многу текстови на страниците на порталот, многу отворени прашања, многу анализи, многу спротивставени мислења. Во тоа е убавината на Фактор. Да побара мислење од повеќе страни и да им дозволи на почитуваните читатели самите да донесат заклучок. Ми се чини дека Винстон Черчил рекол: „Новинарството е убава работа, ама треба да се напушти на време“. Кога се ќе се собере и одземе, веројатно човекот бил во право... Па сепак, ги има и такви меѓу нас кои не можат без пишаниот збор. Ги има и такви кои ќе го прескокнат ручекот или кафето со пријателите и ќе останат пред компјутерот за да напишат по некој ред, да споделат по некој свој став со јавноста. Тоа е нашиот скромен придонес кон вас, почитувани читатели. Поголемиот дел од работата останува вие да ја завршите. Вие сте нашиот најдобар репер и најголем критичар во исто време. Пофалбите значат мотивација повеќе да продолжиме во тој правец, критиките значат дека нешто не правиме како што треба и дека треба да преиспитаме одредени свои ставови. Сите ние заедно, и новинарите, и колумнистите и читателите, денес го прославуваме вториот роденден на Фактор! Среќен роденден на сите нас... Да дочекаме уште многу родендени и да ги прославиме во убаво расположение... д-р Гоце Трајковски

Можеби ќе ве интересира

ПОСКАПУВАЊЕ: Koлку чини унца сребро?

ПОСКАПУВАЊЕ: Koлку чини унца сребро?

„ЌЕ ГЛЕДАМЕ СЕКОЈ ДЕН КАКО ПРОПАЃА ПО ЕДНА БАНКА“:Милијардер има застрашувачки предвидувања за светската економија

„ЌЕ ГЛЕДАМЕ СЕКОЈ ДЕН КАКО ПРОПАЃА ПО ЕДНА БАНКА“:Милијардер има застрашувачки предвидувања за светската економија

РАСТ НА ТУРИСТИТЕ ВО КИНА - се повеќе се бараат услугите за изнајмување автомобили

РАСТ НА ТУРИСТИТЕ ВО КИНА - се повеќе се бараат услугите за изнајмување автомобили

KOJA E MИНИМАЛНАТА ПЛАТА ЗА КОЈА БИ РАБОТЕЛЕ: Што кога на интервју за работа ќе ви го постават ова прашање?

KOJA E MИНИМАЛНАТА ПЛАТА ЗА КОЈА БИ РАБОТЕЛЕ: Што кога на интервју за работа ќе ви го постават ова прашање?

ПОРАДИ ЕНОРМНА ПОБАРУВАЧКА ОД РУРАЛНО ВО БИЗНИС СЕЛО - растечката индустрија на перики поттикна промени во источна Кина

ПОРАДИ ЕНОРМНА ПОБАРУВАЧКА ОД РУРАЛНО ВО БИЗНИС СЕЛО - растечката индустрија на перики поттикна промени во источна Кина

ТОП 5: Продадоа најмногу струја во Македонија, двајца трговци се новоетаблирани од Албанија

ТОП 5: Продадоа најмногу струја во Македонија, двајца трговци се новоетаблирани од Албанија

КЕЛНЕРИ ВО ХРВАТСКА: Реална ли е платата од 2.000 евра?

КЕЛНЕРИ ВО ХРВАТСКА: Реална ли е платата од 2.000 евра?

СУША ВО ВИЕТНАМ: Кафето ќе поскапува

СУША ВО ВИЕТНАМ: Кафето ќе поскапува

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ЕУ: Koи земји се со најниска стапка?

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ЕУ: Koи земји се со најниска стапка?