ВТОР СЛУЧАЈ ВО ХРВАТСКА: Млад човек почина по примање на вакцината АстраЗенека
Објавено во: Балкан, Корона Вирус 17 Март, 2021
Во Хрватска уште еден човек почина по примање на вакцината АстраЗенека. Хрват на возраст од 33 години починал 12 дена откако бил вакциниран со вакцината на АстраЗенека, поради што Хрватската агенција за лекови (ХАЛМЕД) започнала истрага.
Починатиот човек е од Сисак и починал утрово во загрепскиот КБЦ Ребро. Тој бил вакциниран во Сисак, а сè уште не е познато дали станува збор за прва или втора доза. ХАЛМЕД е во контакт со здравствената установа каде е регистриран случајот со цел што побрзо да ја достави целата медицинска документација врз основа на која може да се направи проценка на причинско-последичната врска. Во извештајот пишува дека се работи за тромбоцитопенија и крварење, а во тек е и обдукција. Деновиве имаше случај каде 91 годишна жена почина по примање на вакцината. Многу земји во Европа го запреа вакцинирањето со оваа вакцина, поради сомневања дека предизвикува згрутчување на крв. Во регионот, деновиве БиХ ја прекина имунизацијата со АстраЗенека. СЗО пак повика оваа вакцина да се применува и дека нема докази дека предизвикува здравствени проблеми.
foto freepik
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.