Добивај вести на Viber
Се собираат пари за градба на црквата „Свети Константин и Елена“ . Црквата која била изградена во 1927 година на местото на Градскиот трговски центар, сега е ставена на платото на домот на АРМ.
Темелите се веќе кренати, а во Скопје денеска се одржа втора донаторска конференција за да се продолжат градежните работи. Министри, пратеници, бизнисмени повторно донираат пари за црквата.
„Ако нашите предци не граделе со слава на Бога, ние денес немаше да ги имаме овие храмови. Во многу временски непогоди биле разрушени многу светилишта, но тие одново се граделе. Така било и со црквата „Свети Константин и Елена“, која била разрушена во 1963 година, за време на земјотресот, рече премиерот на македонската Влада, Никола Груевски.