16 Декември, 2025
0.0450

ВУЧИЌ: Бог да ме праша што сме им згрешиле на Бугарите, не би знаел да му кажам

Објавено во: Балкан 05 Декември, 2024 15:24

Добивај вести на Viber

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска изјави дека не знае што им згрешиле на Бугарите, по вчерашната одлука на осум земји да не ѝ дозволат на Србија да го отвори третиот кластер од преговорите со Европската Унија(ЕУ). 

Покрај Бугарија, меѓу нив биле и Естонија, Летонија, Литванија, Шведска, Финска, Холандија и Хрватска.

„Бог да ме праша што сме им згрешиле на Бугарите, не би знаел да му кажам и објаснам. Мислам дека разбирам кои се вистинските причини, но знам дека нема да ги слушнете. За Хрватите сѐ ми е јасно, тука немам проблем да сфатам“, кажа Вучиќ.

Унгарија како актуелен претседавач со ЕУ за следната недела ќе закаже нов состанок, зашто меѓувладина конференција треба да се одржи меѓу 16 и 20 декември.

„Им благодарам ако го отворат третиот кластер, им благодарам и ако не го отворат. Важно е да продолжиме да се бориме и да разговараме со сите нив. Ние ќе се потрудиме следната година да бидеме најбрзо растечката економија во Европа“, кажа Вучиќ.

Српските медиуми вчера објавија дека не е постигнат консензус за оваа тема и на третиот состанок на амбасадорите на членките на ЕУ. Како главни причини биле наведени неусогласеноста на Србија со надворешната политика на ЕУ и санкциите за Русија, нејасното геополитичко определување на Србија и проблеми во владеењето на правото и во односите со Косово. Инаку, претходно Бугарија реагираше до Србија дека сака поголеми права за бугарското малцинство во Србија, иако нивниот број на ниво на државата е мал. 

фото принтскрин

Можеби ќе ве интересира

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени

Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени

Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството

Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството