Вучиќ го нарече Курти терористичко ѓубре
Објавено во: Балкан 01 Декември, 2022
Српскиот претседател Александар Вучиќ го нарече косовскиот премиер Албин Курти терористичко ѓубре и му порача да внимава ниту еден Србин да не биде повреден.
Вучиќ се обрати до јавноста по одлуката на Курти противуставно да го назначи Ненад Рашиќ за министер за заедници со што го прекрши Бриселскиот договор.
„Изборот на Рашиќ, човек кој освои помалку од 1 процент, како и на Рада Трајковиќ, која беше на неговата листа, покажува дека тие сакаат прогон, протерување и исчезнување на Србите на Косово и Метохија. И сега имам неколку работи да кажам, пред официјалното обраќање и средба со Вархељи, ако некогаш дојде до тоа“, рече тој.
Вучиќ додава дека тоа е сомнителен антисрпски став што го покажа ЕУ.
„Молчев со месеци и години трпејќи глупости од сите во регионот и светот. Тој терористички олош требаше да ја добие заслужената осуда од Европската Унија. Се разбира, тој не го сфати. Доби нешто што можеби никој не може да го разбере. И така постојано се однесуваат, не само што ги прекршиле нормите на Бриселскиот договор, меѓународното јавно право и сите демократски норми“, вели Вучиќ.
Вучиќ истакна дека тоа е во согласност со интересите на една европска сила, кои некој треба да ги спроведе против Србите.
Србија нема да има претставник на претстојниот Самит на Европската Унија – Западен Балкан, јавуваат медиумите. Српскиот претседател Александар Вучиќ нема да отпатува за Тирана на 6 декември. Оваа информација за „Блиц“ ја потврдија од кабинетот на претседателот на Србија.