Вучиќ го враќа полицискиот час
Објавено во: Балкан, Корона Вирус 07 Јули, 2020
Се враќа полицискиот час во Белград.
Во градот од среда ќе биде забрането секое јавно собирање на повеќе од 5 лица и во затворени простории и на отворено.
Од петок до понеделник се воведува полициски час, најави српскиот претседател Александар Вучиќ.
Мерките се воведуваат поради влошена епидемиолошка ситуација поради коронавирусот, а ситуацијата е најтешка во Белград.
Вучиќ рече дека ќе биде овозможено во одредени моменти излез на мајки со деца, пензионери и сопственици на домашни миленици.
„Најтешкиот бран на коронавирусот го очекуваме околу 1 ноември“, рече Вучиќ.
Во последните 24 часа во Србија починале уште 13 лица од Ковид-19, што е најголем број смртни случаи во еден ден од почетокот на епидемијата.Потврдени се 299 нови случаи на зараза, вкупно 16.719 досега. Од почетокот на епидемијата во земјата починале вкупно 330 луѓе, а процентот на морталитет се зголеми на 1,97 отсто.
фото Курир.рс
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.