Добивај вести на Viber
Србија и Црна Гора се свртеа кон иднината и ги оставија на страна сите некогашни разлики и политички несогласувања. Ова е ставот на првиот потпретседател на српската Влада Александар Вучиќ кој во интервју за црногорската телевизија, додаде дека Србија и Црна Гора меѓусебно ќе си помагаат на патот кон европските интеграции, очекувајќи дека државите за неколку години „заедно ќе го дочекаат членството во ЕУ“.
За Вучиќ претстојната посета на премиерот на Србија Ивица Дачиќ на Подгорица, а потоа и доаѓањето на црногорскиот премиер Мило Ѓукановиќ во Белград, првиот потпретседател на српската Влада не се само политичко-маркетиншки трик, туку можност за договор за соработка на конректни проекти.
Во однос на последните случувања, српскиот потпретседател истакна дека сите надлежни органи на Србија работат на апсење на нарко босот Дарко Шариќ, кој е во бегство.
Тој рече оти е изненаден од обвинувањата на функционерот на опозицискиот Демократски фронт на Црна Гора Небојша Медојевиќ дека заедно со премиерот Дачиќ го штитат Шариќ бил дел на “балканската криминална конфедерација“.