16 Декември, 2025
0.0527

ВУЧИЌ ЗА ПРОТЕСТИТЕ ВО НОВИ САД: Во Србија нема да има македонско сценарио

Објавено во: Балкан 03 Декември, 2024 16:41

Добивај вести на Viber

Претседателот на Србија,  Александар Вучиќ изјави дека во Србија нема да се случи „македонско сценарио“, откако на протест во градот Нови Сад, демонстрантите го обоија плоштадот со црвена боја. Демонстрантите со рацете оставаа отпечатоци на плоштадот. 

Протестот беше по повод еден месец од несреќата на железничката станица во која загинаа 15 луѓе, а двајца тешко повредени сè уште се во болница.  Вучиќ кажа дека е копија на шарената револуција во Скопје.

„Мислите дека генијално тоа што ги обоиле бехатон плочките во црвено, кои нема да можат целосно да се исчистат? Мислите дека тоа е нивна идеја? Пронајдете снимка од 2016 година, потполно исто сценарио во Северна Македонија. На потполно ист начин го обоија главниот плоштад во Скопје. Газдата и спонзорот е секогаш ист, а жртва се народите над кои се спроведуваа шарените револуции. Во Србија тоа нема да го има, бидете уверени“, кажа Вучиќ. 

Поради несреќата, српските граѓани досега организираа повеќе протести во Нови Сад и Белград. Меѓу загинатите беше и македонскиот научник Васко Саздовски кој работел во Нови Сад. 

На 5 мај 2016 година, Плоштадот Македонија беше обоен во црвено. Протестот во Скопје тогаш го предводеше Александар Нешковски, брат на убиениот Мартин Нешковски. 

Фото: Александар Вучиќ/Инстаграм профил

Можеби ќе ве интересира

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени

Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени

Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството

Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството