ВУЧИЌ ЗАДОВОЛЕН: Она што го побарал од Путин ќе го добие
Објавено во: Балкан 03 Октомври, 2018
Српскиот претседател, Александар Вучиќ, изјави дека во разговорот со рускиот претседател, Владимир Путин, е добиено сè што побарал. Тој истакна и дека двајцата се согласиле скоро на сите теми на кои разговарале.
Тој додал дека деталите од разговорот не може да ги открие.
По разговорот со Путин, како што пренесува „Тас“, Вучиќ рекол дека е задоволен од резултатот од разговорот со Путин, кој траел 50 минути.
„Не можевме да очекуваме само една работа – продолжување на оваа работа (на поддршката на Србија). И многу сум задоволен од одговорот на рускиот претседател Путин. Јас му реков: ‘Ви благодарам многу, драг пријателе, ценет претседателе, што заедно со нас го одржувате националниот интегритет на Србија, но и меѓународното право. Тоа е многу важно за Србија’“- вели Вучиќ.
Тој потенцирал дека со Путин решиле многу конкретни прашања, како и дека се радува на следната средба со Путин во Белград, која, како што рече, ќе биде наскоро, пред крајот на годинава.