„Wi-fi“ зони со бесплатен интернет во сите 12 населени места во општина Илинден
Објавено во: Мои пари 17 Април, 2013 11:40
Со воведување „wi-fi“ зона во Домот на култура „Ајватовци“, oпштина Илинден го реализираше проектот за воспоставување на 12 „wi-fi“ зони со слободен пристап на безжичен интернет во сите населени места. „Wi-fi“ зоните, на кои граѓаните ќе можат да користат бесплатен интернет се лоцирани во новоизградените и реконструирани домови на културата во населените места што беа опфатени со капиталниот проект „10 Домови на културата“.
- Со реализацијата на овој проект жителите на општина Илинден сега имаат квалитетен пристап до повеќе информации, како и комуникација со локалната власт, при што по електронски пат можат да се информираат за тековните активности на општината, но и можност преку страницата „Е Општина-пријави проблем“ да ги пријават проблемите со кои се соочуваат секојдневно, информира општина Илинден.
Бесплатен интернет граѓаните ќе можат да користат во зоните за слободен пристап на безжичен интернет во домовите на култура „Илинден“, „Кадино“, „Мралино“, „Текија“, „Дељадровци“, „Бујковци“, „Мршевци“, „Бучинци“, „Бунарџик“, „Ајватовци“, Канцеларијата за односи со јавноста во Миладиновци и Образовниот спортски центар.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Пакомак најави отворање на нов погон за секундарно селектирање на отпадот, каков што нема никаде на Балканот
Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“
Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“
ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ
Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?
Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели
Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни
АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј





